КОЈ МОЖЕ ДА МУ СЕ СЕТИ НА ТРАМП: Повторно спомнува средба со Ким Џонг-ун
Објавено во: Свет 26 Мај, 2018
Претседателот Доналд Трамп изјави синоќа дека САД имаат "многу продуктивни разговори" со Пјонгјанг за самит со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. Тој го кажа тој ден по откажувањето на состанокот, објави Ројтерс.
"Имаме многу продуктивни разговори со Северна Кореја за враќање на самитот, кој, ако се состои, најверојатно, ќе се одржи во Сингапур на истиот датум - 12 јуни", напиша Трамп во порака на Twitter. Тој додаде дека доколку е потребно, средбата може да се одржи подоцна од закажаниот датум.
Во Јужна Кореја изјавија дека почувствувале олеснување по веста за обновените преговори за средба меѓу двајцата лидери, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на изјава на претседателството во Сеул.
Соопштението беше објавено само неколку часа откако Трамп го смири тонот во реакцијата на Северна Кореја на откажувањето од негова страна на средбата со Ким и изјави дека средбата сепак може и да ја има.
Синиот дом (јужнокорејско претседателство) додаде дека "внимателно" ги следи случувањата во односите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг.