24 Април, 2024
0.0278

Кој најмногу се вооружува на Балканот?

Објавено во: Балкан 31 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Србија троши најмногу пари за купување оружје во споредба со поранешните југословенски земји. Во 2017 година, таа потроши 731 милиони долари, пишува Ди Велт. 

Албанија е на второ место со 168 милиони долари.

Ако се земат предвид плановите на Косово да потроши 98 милиони долари следната година за својата планирана армија (од 5.000 војници), албанскиот фактор има сериозна тежина во воениот баланс на Балканот.

Новата трка за вооружување на Балканот е испреплетена со политички аргументи.
Албанија и Косово донесоа одлука за царинска унија. Во Србија, тоа се смета како обид да се создаде Голема Албанија – термин со кој албанската Влада сака да провоцира.

Романија на 26 јули објави дека ја запрела рускaта испорака на оружје за Србија преку Дунав, пишува весникот Ди Велт.  Таа се состоеше од десет користени, но модернизирани БРДМ-2, дел од невообичаен пакет за Србија: 30 модернизирани борбени тенкови Т-72 и 30 оклопни возила. 

Дејствата на Букурешт беа аргументирани со сегашните санкции на ЕУ против
Русија за анексија на Кримскиот Полуостров во 2014 година. Потоа, Русите ги испорачаа тенковите на Србија, користејќи го воздушниот простор на Унгарија, чиј премиер Виктор Орбан секогаш се стреми кон добри односи со рускиот претседател Владимир Путин.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ му се заблагодари на колегата Владимир Путин на 29 јули за неговиот придонес „за зајакнување на моќта на српските вооружени сили“.

Веста ги потенцира амбициите на Србија да ги модернизира своите сили и да изгради силна одбранбена индустрија.

Тоа е експлозивно – затоа што Србија се потпира на Русија за тоа вложување, а таа е земјата која во Украина ја покажа волјата да ја зголеми својата сфера на влијание преку оружје.

Покрај тоа, Србија водеше војна против Хрватска и Косово за време на Слободан Милошевиќ и помагаше за време на босанската војна. Наспроти ова, предупредувањето на српската Влада дека ќе го нападне Косово ако земјата создаде своја армија, звучи како особено заканувачки.

Можеби ќе ве интересира

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра