Кој направи 5,4 милиони евра од уписи на податоци?
Објавено во: Економија 19 Октомври, 2018
5,38 милиони евра e сумата на приходи која ја остварил Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) минатата година. Споредбено со 2016 приходот е за 4,5 отсто поголем во 2017та.
ЦРМ, според официјалната евиденција за тарифите, има регистар на повеќе од 80 услуги за кои напраќа од 70 до 100.000 денари во зависност од услугата што ја бара клиентот.
Централниот регистар на Македонија (ЦРМ) е државна компанија која управува, ја одржува и надградува најголемата база на податоци во земјава.