24 Април, 2024
0.0270

Кој направи милијарда денари од продажба на леб, брашно и пецива?

Објавено во: Економија 20 Март, 2019

Добивај вести на Viber

„Жито Лукс“ втора година по ред завршува со добивка. Ги одржува приходите на исто ниво, оперативната добивка му е пола милион евра, а трошоците за камати му се намалени за 30 отсто односно за 150.000 евра, вкупните обврски на компанија на крај на 2018 година се пониски за 1,26 милиони евра

„Жито Лукс“ лани годината ја заврши со добивка од половина милион евра и тоа е втора година во низа компанијата да работи со добивка, факт што ќе ги охрабри акционерите на најголемата скопска компанија за производство и продажба на леб и пецива. Според официјалните податоци од финансиските извештаи објавени на берзата „Жито Лукс“ лани во услови на остра конкуренција успеал да ја одржи својата пазарна позиција на домашниот пазар.Имено приходот од продажба на домашен пазар лани надминал една милијарда денари или бил 17,3 милиони евра. Вкупниот приход од продажба на компанијата лани изнесува 18 милиони евра. Од тоа во странство „Жито Лукс“ пласирал стоки вредни 670.000 евра. Значаен раст бележат останатите приходи за лани. Тие изнесуваат 827.000 евра и се повеќе од три пати поголеми во споредба со 2017 година. Од податоците во паричниот тек се гледа дека компанијата веројатно продала недвижен имот за околу 1 милион евра лани затоа што вредноста на недвижниот имот е намалена за толку во однос на 2017 година и на крај на 2018 година изнесува 7 милиони евра.

Факт што мора да се истакне е дека „Жито Лукс“ успеал да одржи ниво на продажба како и во 2017 година во услови на силна конкуренција на пазарот, но при тоа има раст за трошоците. Најголемата расходна ставка се трошоците за суровини и други материјали и тие изнесуваат 10 милиони евра и се поголеми за 7 отсто во однос на претходната година. Минимален раст бележат трошоците за вработените кои изнесуваат 2,5 милиони евра. Оперативната добивка на компанијата е 0,5 милиони евра, а нето добивката е 94.200 евра што е резултат за 10 отсто послаб од 2017 година.

Финансиските расходи скастрени за 30 отсто!

Многу важен услов за идно успешно работење е тоа што „Жито Лукс“ успеал да ги скрати финансиските расходи за 30 отсто. Ако се знае дека на тој расход т.е. камати за кредити (во најголема мерка н.з.) компанијата во 2017 година платила речиси 540.000 евра, а лани платила 150.000 евра помалку сигурно дека во иднина на нивното намалување може да се гради стратегија за поуспешно работење.

„Жито Лукс“ лани успеал тековните обврски по кредити да ги намали за 10 отсто до износ од 5,39 милиони евра. Компанијата ги преполовила и обврските по долгорочни кредити и тие на крајот на 2018 година се само 16.200 евра. Вкупните обврски на компанијата лани се за 1,1 милиони евра пониски од 2017 година односно за 11 отсто, а изнесуваат помалку од 10 милиони евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

КОИ СЕ БРАТОТ И СЕСТРАТА КОИ ЌЕ ДОБИЈАТ ДИВИДЕНДА ОД ПО 260 ИЛЈАДИ ЕВРА, А ИМА И ОД НАГРАДИ - од пиво добро се живее во Македонија

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата