25 Април, 2024
0.0287

Кој прави пари од продажба на „зелена“ струја?

Објавено во: Економија 22 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Сите ние лани за зелена струја сме платиле 39 милиони евра. Најголем дел од парите отишле во државната ЕСМ (поранешен ЕЛЕМ) кој за испорачаната струја од ветерниот парк наплатил 8,66 милиони евра. Од аспект на извор од кој се произведува зелената струја најмногу пари се платени на 79 мали хидроцентрали и тоа е износ од 15,78 милиони евра

Македонските потрошувачи лани платиле 38,78 милиони евра за електрична енергија што ја произвеле обновливите извори кои имаат привилегирани цени, покажуваат официјалните податоцо од Годишниот извештај на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Просечната цена што нашето општество ја плаќа за секој произведен мегаватчас струја од зелените производители со повлестени цени е 102,8 евра за мегаватчас. Таа цена е речиси двојно повисока од просечната пазарна цена за мегаватчас струја купена на некоја од берзите во нашиот регион (Бугарија, Србија и Хрватска).

Лани вкупно 185 производители на струја со повлстени цени кои како извор ја користат водата, сонцето, ветрот или биогасот произвеле 377.138 мегаватчасови струја и за тоа добиле компензација од 38,78 милиони евра. Најмногу зелена струја произвеле 79 мали хидроцентрали и тоа е речиси 203.000 мегаватчасови. Следен на листата е единствениот ветерен парк, во сопственост на државната компанија ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) и тој на мрежа предал 26 отсто од целото зелено производство односно 97.340 мегаватчасови. Три централи на биогас лани произвеле 14 отсто од целата зелена енергија, а тоа е 54.050 мегаватчасови, а 102 соларни централи создале 22.788 мегаватчасови струја што е само 6 отсто од целата зелена енергија.

Кој колку пари прави од продажба на струја?

Најголем приход има државната производна компанија ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ). За произведените 97.338 мегаватчасовилани компанијата наплатила 8,66 милиони евра и тоа е за 1,2 милиони евра помалку од 2017 година кога и производството било поголемо од лани. Повластената цена за секој произведен мегаватчас предаден на мрежа е 89 евра. На втората позиција е производството од биогас. Во оваа конкуренција има три централи и тие наплатиле 4,6 милиони евра, што е за речиси 500.000 евра помалку од 2017 година. Цената за произведен мегаватчас електрична енергија од овој извор е 178 евра за предаден мегаватчас електрична енергија. 

Како агрегат најголем дел од финансискиот колач добиваат малите хидроцентрали. Ги има вкупно 79 компании и заедно произвеле 202.962 мегаватчасови електрична енергија и за тоа наплатиле 15,78 милиони евра. Нивниот скор е за 4 милиони евра подобар од 2017 година. Просечно, мала хирдоцентрала наплатила 200.000 евра. Во оваа ситуација мора да оперираме со просечни износи заради тоа што во извештајот на РКЕ нема податоци за тоа која централа колку енергија предала на мрежа. Цената за откупен мегаватчас изнесува 78 евра на ниво на мали хидроцентрали. Најмали, а најскапи производители се соларните централи. Тие лани произвеле 22.788 мегаватчасови струја и за тоа наплатиле 4,6 милиони евра и тоа е за 200.000 евра помалку од 2017 година. Овие пари ги делат 102 централи. Просечно секоја соларна централа лани инкасирала по 45.000 евра. 


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст