29 Март, 2024
0.0238

КОЈ ПРЕЖИВУВА НА РЕСПИРАТОР? Познат пулмолог вели дека два критериуми се клучни

Објавено во: Балкан 25 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Респираторниот апарат последнава година и пол, кога пандемијата на корона вирусот го освои светот, се најде во центарот на вниманието. Досега и во светот и кај нас се говори за само малку успешно извадени пациенти од овој апарат, за жал поголем е бројот на оние кои починаа.

Д-р Татјана Радосављeвиќ, позната српска докотрка, специјалист пулмолог, објаснува како всушност работи респираторот и како докторите одлучуваат кога е време да пациентот да биде ставен на апаратот за дишење.

- Два критериуми се клучни - нагласува д-р Радосављевиќ и прецизира:

- Првиот е кога концентрацијата на кислород во крвта ќе падне под 90 проценти. Кај здравите луѓе, тоа е во просек 95-100 проценти. Вториот параметар е зголемување на бројот на вдишувања и издишувања бидејќи пациентот дише брзо обидувајќи се да стигне до воздухот. Нормалниот број на вдишувања и издишувања е 16-20 во минута. Проблемот настанува кога пациентите дишат 25, 30, 40 пати во минута.

Таа, исто така, посочува дека е исклучително важно пациентот да се поврзе со респираторот во вистинско време, ниту прерано ниту предоцна.

- Имаше приказни дека респираторот треба да се вклучи што е можно подоцна, но тоа нема никаква врска. Единствено што е важно е да се следат споменатите два параметри - вели д -р Радосављевиќ.

Ако состојбата на пациентот се влоши додека е на респиратор, пациентот има помала веројатност да преживее, сепак, постои спас ...

- Се следи состојбата на пациентот. Ако промените во белите дробови почнат да се повлекуваат, што може да се види преку сликите, тогаш пациентот има шанса полека да се ослободи од респираторот и сам да започне да дише - заклучува д -р Радосављевиќ.

Колку пациенти преживуваат

50% од оние поставени на инвазивен респиратор преживеале на почетокот на пандемијата

5-10% поставени на инвазивен респиратор преживуваат сега

-Оваа разлика се должи на фактот дека од почетокот на пандемијата се воведени нови лекови, кои понекогаш можат да ја спречат најтешката слика, и со тоа некои пациенти го избегнуваат респираторот, односно сега пациентите кои се во најлоша здравствена состојба се ставаат на респиратор, заради што стапката на преживување е ниска. Во секој случај, без респиратор нивната смртност би била 100%.


Можеби ќе ве интересира

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЗОШТО МАЈКАТА НА ДАНКА ИЛИЌ Е ВАЖЕН ДЕЛ ОД ИСТРАГАТА - детали од животот на семејството чија судбина ја потресува Србија

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ЌЕ ОДГОВАРААТ: Уапсените во Босна се шегувале дека знаат каде е Данка Илиќ

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊАТА ВО БОСНА: Лицата тврделе дека ја чуваат Данка во подрум и барале откуп?

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

НА ТИК ТОК ТВРДЕЛЕ ДЕКА СЕ ПОВРЗАНИ СО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Босанската полиција уапси три лица

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

ДЕВОЈЧЕТО ГО НЕМА: Зошто мајката на Данка не може да оди на полиграф?

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

СРБИТЕ СЕ ЛУТАТ, АЛБАНИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Османи се надева дека Косово во април ќе влезе во Советот на Европа

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИСТРАГАТА Е НАСОЧЕНА КОН РОДИТЕЛИТЕ: Исчезнувањето на Данка засега мистерија, блиските ќе треба да одат на полиграф

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВА ЧОКОЛАДО ОД ПАЗАРОТ ВО ХРВАТСКА! Доколку го имате, веднаш фрлете го

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува

ОТКРИЕН ВОЗАЧОТ НА „ПУНТОТО“ ЗАБЕЛЕЖАНО ВО СЛИЧНО ВРЕМЕ КОГА ИСЧЕЗНА ДАНКА - истрагата продолжува