Кој руски потег ја „потопи“ нафтата?

Објавено во: Свет 12 Јуни, 2018
Цената на нафтата продолжи да паѓа поради растечкото производство во Русија и најголеми експлоатации на тој енергент во САД во повеќе од три години.
Цената на нафтените фјучерси денеска паднала за 1,1 отсто во Њујорк после три недели последователен пад.
Американската „лесна“ нафта WTI за јулската испорака поевтинила за 69 центи на 65,05 долари за барел во Њујорк. Вкупниот обем на тргување бил за околу 17 отсто под 100 дневниот просек.
Цената на северноморската нафта „брент“ за испораките за август паднала за 72 центи на 75,74 долари за барел на лондонската берза , пренесе Блумберг.
Производството на нафта во Русија пораснало на 11,1 милиони барели дневно во почетокот на јуни, што е повеќе во однос на производството од нешто под 11 милиони барели дневно во текот на најголемиот дел на мај и над нивото договорено со членките на ОПЕК.
Можеби ќе ве интересира
Река мигранти тргна кон Европа, ги запре ли некој?

Знаете ли која е најопасната туристичка дестинација во Европа?

Поради Гибралтар се засилија тензиите меѓу две земји

Има ли место за пресврт: Тереза Меј се враќа во Брисел да преговара за Брегзит

Прва држава во светот каде јавниот превоз станува бесплатен

ТРАМП ГИ ПРОЗВА СОЈУЗНИЦИТЕ: Европа да си ги земе терористите од Сирија и да им суди

(ВИДЕО-ФОТО) За Ел Чапо се омажила на 18 години: Ова е сопругата на нарко босот помлада од него 32 години

(ВИДЕО) Путин при тренинг со олимписки џудо шампион се повреди
