25 Април, 2024
0.0289

Кој сака може да и ги врати на Владата парите од домашната платежна картичка

Објавено во: Економија 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓаните кои не сакаат да ги земат парите на картичката која им ја доделува Владата може да се откажат од сумата и парите да се вратат во буџетот. Опцијата е дадена и на самата интернет страница https://kupuvamdomasno.gov.mk , каде директно, секој што исполнува услови и кој има право на домашна платежна картичка може да се изјасни дека картичката не ја сака. Ако пак таа веќе му е изработена во некоја од банките, што во моментов не е многу изводливо, но понатака кога ќе се изработат поголем дел од картичките, ќе биде, корисникот треба да ја извести банката од која треба да ја земе картичката. Откако ќе ја извести банката, тие пари ќе бидат вратени во буџетот. 

Од Министерството за финансии велат дека опцијата е оставена за да може некој кој чувствува потреба, да не ги земе овие пари. Може тоа се некои од средношколците или студентите кои на пример имаат родители кои имаат поголеми примања, па свесно нема да сакаат да ги користат владините пари. 

Инаку денеска Министерството за финансии исплати 27,8 милиони евра кон деветте банки издавачи на картичките и од денес практично.Најдоцна до 18 јули ќе бидат издадени 325.000 картички со финансиска поддршка - средства кои преку граѓаните ќе се влеат кај погодените сектори за купување на домашни производи и услуги

Денеска страницата https://kupuvamdomasno.gov.mk функционира а таму со впишување на матичиот број секој граѓанин кој спаѓа во дефинираните услови може да провери која банка издавач ќе му ја издаде картичката и да се информира кога и каде ќе ја добие својата картичка.

Секоја банка креираше своја посебна страна за информирање на граѓаните за распоредот - кога и каде ќе им биде издадена картичката https://kupuvamdomasno.gov.mk/mk/banks

Кој добива картички детали овде.  Вкупно 113.927 граѓани ќе добијаат по 9.000 денари – тоа се лица со низок доход, приматели на социјална помош и невработени кои активно бараат работа до 22 мај 2020, а кои оствариле нето доход не поголем од 180.000 денари или од јануари до април доход не поголем од 60.000 денари. Во втората група се 117.144 лица кои ќе добијат по 3.000 денари на домашна платежна картичка. Тоа се вработени кои од јануари до април имаат доход не поголем од 60.000 денари.

Дел од граѓаните денеска се жалат дека поради тоа што училиштата не доставиле целосно списоци некои средношколци не влегле во корисниците на домашна платежна картичка. Средношколците и студентите добиваат по 3.000 денари.

Четвртата група се здравствените работници кои беа ангажирани за борбата со справување со Ковид-19. Овде спаѓаат 4.394 лица кои ќе добијат 40 отсто од платата

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ