28 Март, 2024
0.0263

Кој си купи акции во „Европа“ за 100.000 евра?

Објавено во: Економија 27 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Дали менаџментот на „Макошпед“ направи добар потег? Вложи 97.500 евра во акции на „Европа“ и сега со новостекнатите 2.150 акции поседува 19,9 отсто од акциите со право на глас. Кондиторската индустрија има извонредна година и оствари добивка што надмина 1,7 милиони евра. Ако ја дели како дивиденда „Макошпед“ би добил околу 340.000 евра, ако ја распредели во капитал вредноста на акциите ќе се зголеми за толку. На вложените 97.500 евра приносот е околу 15.000 евра. Воопшто не е лошо

Шпедитерската компанија „Макошпед“ вложи 97.570 евра во акции на скопската кондитерска индустрија „Европа“, потврди „Макошпед“ објваувајќи ја оваа информација на Македонската берза за хартии од вредност.

„Макошпед“ акциите ги купи вО два наврати и во три трансакции и за секоја од нив плати по 2.800 денари. Купени се вкупно 2.150 акции со право на глас во „Европа“. Сега шпедитерската компанија поседува вкупно 19,9 отсто од акциите на „Европа“ односно 50.850 акции со право на глас. Со последново купување акции „Макошпед“ стана втор по големина акционер во „Европа“.

„Европа“ лани има знајачно подобри финансиски резултати во споредба со 2017 година. Приходите од продажба лани во однос на 2017 година се поголеми за 1,4 милиони евра и достигнаа ниво од 13,1 милиони евра. Добивката на компанијата за лани е 1,72 милиони евра и овој финансиски резултат е за два пати подобар од претходната година. Доколку „Европа“ одлучи целата добивка да ја подели како дивиденда во тој случај „Макошпед“ ќе инкасира околу 340.000 евра!

„Европа“ лани ги намали значајно и обврските, видливо е од билансот на состојба. Тие се пониски од 2017 година за речиси половина милион евра и сега изнесуват 2,3 милиони евра.

Што неодамна се случи во „Макошпед“?

„ИГМ Трејд“ од Кавадарци, една од најголемите извозно ориентирани домашни компании, вложи 413.000 евра и купи 16,6 отсто од акциите со право на глас во шпедицијата „Макошпед“. Оваа информација ја потврди и „Макошпед“ согласно со правилата на Македонската берза. Продавач на акциите во „Макошпед“ е скопската компанија „Ултимус“ која повеќе не е акционер во структурата на шпедитерската компанија и по долги години ги продаде своите акции на кавадаречки „ИГМ Трејд“. „Ултимус“ имаше 14, 18 отсто од акциите и повеќе не е во структурата на акционери кои поседуваат над 5 отсто од акциите во „Макошпед“, а воопшто не е ниту акционер во „Макошпед“. Други големи акционери во „Макошпед“ се „Мепком“ со 19 отсто и „Уготур“ со 15,1 отсто.

Каков е распоредот на силите и кој кого поседува?

„Макошпед“ е најголем поединечен акционер во „Фершпед“ и поседува 12,9 отсто од акциите со право на глас. Поседува у 19,9 отсто од акциите во „Европа“. Од друга страна пак „Европа“ е акционер во „Фершпед“ и има 8,2 отсто од акциите со право на глас.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат