КОЈ СТОИ ЗАД ХАКЕРИТЕ И ШТО Е СЛЕДНО: Четврт ден не функционираат „здравство“ и „образование“
Објавено во: Македонија 27 Јули, 2020
Нов работен ден, но се уште не функиционираат интернет страниците на МИнистерството за здравство и на Министерството за образование. Сите информации таму се недостапни отакако беа цел на хакерски напад кој се случи минатата недела, а одговорноста за тоа ја презема групата која стои зад профилот „AnonOpsMKD“.
„Сајтовите, и маил серверот се изгасени од страна на шалабајзерите што се систем админи во тие министерства“, навед профилот „AnonOpsMKD“.
Викендов тие најавија дека следна цел им се извршителите кои повторно почнаа да болкираат сметки по истекот на владината уредба која тоа го оневозможуваше за време на криза. Кои се луѓето кои хакираат, зошто го прават тоа - во јавноста има само штури информации и тоа од тие кои самите ги споделуваат на twitter. Надлежните институции немаат информации ниту пак сознанија кој е мотовот на оваа група и кога ќе одговара за делата.
На изборниот ден беше хакиран интернет сајтот на Државната изборна комисија со што беше оневозможено следењето на резултатите, а тоа пак фрли сенка на сиот процес. Истиот ден цел беше и агрегаторот на вести тајм.мк.
Министерството за здравство објави дека нивната официјалната веб-страница не функционира, а не функционираат ниту службените мејлови на вработените во институцијата.