19 Април, 2024
0.0271

КОЈ ВЕЛИ ДЕКА Е ГОЛЕМ БУЏЕТОТ ЗА 2020 - следните години ќе биде уште поголем

Објавено во: Финансии 27 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Кога Владата го усвои буџетот за идната година, тежок 3,9 милијарди евра, или „подебел“ за речиси 200 милиони евра од годинашниов, сите медиуми го оквалификуваа како најгломазниот буџет досега.

Економистите, пак, коментираа дека доколку расте економијата на државата, нормално е буџетот секоја година да се зголемува, како што е впрочем, и во сите други држави.

А доколку на вонредните избори предвидени за април годинава, сегашните владејачки партии повторно ја добијат довербата од граѓаните, во наредните две години земјава ќе има уште поголеми буџети.

Во 2021 година буџетот ќе ја „пробие“ психолошката граница од четири милијарди ева, или прецизно, буџетските расходи за таа година ќе бидат на ниво од 4,055 милијарди евра. Уште повисок, пак буџетот треба да биде во 2022 година, или конкретно 4,233 милијарди евра.

Вака е напишано во Фискалната стратегија за периодот 2020-2022 година, и тоа во нејзината ревидирана верзија, која неодамна беше усвоена на владина седница. Фискалната стратегија е еден од позначајните документи со кој Министерството за финансии планира како во период од наредни три години ќе ги собира и ќе ги троши народните пари, но и колку ќе се задолжува и како ќе го менаџира јавниот долг на државата.

А секако, за да може повеќе да троши, државата ќе мора и да собере повеќе средства од фирмите и граѓаните. Или, ако за идната година е предвидено буџетските приходи да изнесуваат 3,6 милијарди евра, во 2021 тие ќе пораснат на 3,79 милијарди евра. Ќе продолжат да се зголемуваат и во 2022 година, и ќе изнесуваат дури 3,96 милијарди евра.

Но, сепак, власта очекува приходите да растат повеќе од расходите, бидејќи за буџетскиот минус се најавува дека ќе се намалува. Па така, ако за 2020 година е предвиден буџетски дефицит од 283 милиони евра, во 2020 година тој треба да биде понизок, и да изнесува 262 милиони евра, а во 2020 малку ќе се зголеми – на 273 милиони евра, но сепак ќе биде понизок од идната година. Намалувањето на минусот ќе биде возможно бидејќи приходите ќе растат побрзо од расходите.

„Годишната стапка на раст на вкупните расходи на Буџетот на Република Северна Македонија постепено ќе забавува, од 5 отсто во 2020 година - на 4,4 отсто во 2022 година. Во комбинација со очекуваната наплата на приходите, ова ќе обезбеди постепено стеснување на вкупниот буџетски дефицит од 2,5 отсто од БДП во 2019 година, на 2,3 проценти во 2020 година, 2 отсто во 2021 година и 2 отсто од БДП во 2022 година“, се вели во ревидираната Фискална стратегија.

ЌЕ РАСТАТ КАПИТАЛНИТЕ РАСХОДИ И СОЦИЈАЛНИТЕ ТРАНСФЕРИ

А во делот на трошењето, власта во стратегијата си задала за задача да води и развојна, и социјална политика. Бидејќи, ако речиси сите трошоци се планира да останат горе долу исти, за наредните три години се планира значајно да растат оние за капитални расходи и за социјални трансфери.

Па така, откако годинава не се прослави баш со реализацијата на капиталните инвестиции, за идната година власта малку ги намали очекувањата и испроектира капитални расходи од 386 милиони евра. Но, за 2021 година плановите повторно наголемо растат, па ќе се предвидат дури 452 милиони евра. За во 2022 година тие се уште поголеми, или, се проектира дека ќе има капитални инвестиции од дури 520 милиони евра.

Ќе растат и социјалните трансфери, кои се всушност најголемата буџетска ставка. Односно, ако в година за таа цел се потрошат 1,89 милијарди евра, во 2021 за социјални давачки ќе одат 1,96 милијарди евра, а во 2022 таа буџетска ставка ќе надмине две милијарди евра.

„Проекциите на расходите на буџетот за наредниот среднорочен период се подготвени врз база на три клучни основи: усогласеност на проекцијата на приходите со планираните економски активности; проекцијата на вкупните расходи на Буџетот обезбедува континуирана фискална консолидација и планираните износи на расходи обезбедуваат редовно и непречено извршување на сите законски обврски“, се вели во Фискалната стратегија.

Од власта тврдат дека дисциплинираната фискална политика ќе обезбеди стабилно движење на јавниот долг. Тој на среден рок ќе достигне 50,9 отсто од БДП во 2021 година, како резултат на интензивирањето на капиталните проекти, и потоа ќе се намали на 50,4 проценти од БДП во 2022 година. 

„Поточно, јавниот долг ќе се движи значително под утврдениот лимит за среднорочно и долгорочно ниво од 60 отсто од БДП“, велат властите во стратегијата.

Од овој документ може да се забележи и дека Владата, како да се откажа од стапката на раст на економијата од 5 отсто што си ја посака на стартот кога го презеде управувањето со државата. Бидејќи, ако за идната година е планирана стапка на раст од 3,8 отсто, во 2021 година се очекува дека таа ќе изнесува 4,1 процент, додека, пак, во 2022 година економската активност треба да порасне за 4,3 проценти.

А граѓаните во периодот од следните три години, не треба да се грижат за висината на цените, бидејќи се очекува ниска и стабилна инфлација.

„Во 2020 година стапката на инфлација се очекува да изнесува 1,7 отсто, а во 2021 и 2022 година е проектирана стапка на  инфлација од 2 проценти“, навела Владата во документот со кој ги планира јавните финансии за следните три години.

Нина Нинеска-Фиданоска

Можеби ќе ве интересира

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации