18 Април, 2024
0.0251

Кој во Кочани прави милиони?

Објавено во: Економија 25 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Најголемата локално поседувана кочанска фирма лани остварила приход од 7,8 милиони евра, а од податоците со кои располагаме, уште шест кочански фирми лани оствариле приходи поголеми од 1 милион евра.

Градот во источна Македонија, чиј заштитен знак е производството на ориз, веќе подолго време каска зад помалите населени места по економска активност и по големината на компаниите кои работат во него. Од поодамна Кочани не може да се мери со „вечниот“ ривал Штип, а неколку години наназад не може да се мери ниту со Виница, Пробиштип и со Македонска Каменица.

Далеку и неспоредливо најголема фирма е „Амфенол“ странска директна гринфилд инвестиција зад која има неколку празни места па потоа се локално ориентирани компании од кои најголемата лани свртела помалку од 8 милиони евра.

„Амфенол“ најголемиот работодавач во Кочани и неговата околина, компанија која е снабдувач со електроделови и елементи на најголемите светски автомобилски гиганти, лани остварила приход од 70 милиони евра. Добивката на кочанската филијала на „Амфенол Корпорејшн“ лани имала добивка од 3,6 милиони евра.

Втора според обем на остварени приходи лани, во Кочани, е локалната компанија „Техком“ која се занимава со разновидни градежни работи. Таа компанија е далеку пред другите најголеми кочански фирми според остварениот приход кој изнесува 7,8 милиони евра. Добивката на оваа компанија лани изнесува 1,9 милиони евра. „Техком“ е единствена локална фирма која има профит што надминува еден милион евра.

Компанијата на поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски, е на третото место според оставрениот приход лани. „Европа 92“ една од поголемите домашни печатници лани оствари приход од 4,4 милиони евра. Добивката на крај на 2018 година е 227.000 евра.

Компанијата на актуелниот градоначалник Никола Илијев според остварениот приход лани е зад компанијата на екс градоначалникот. ИНТ Трејд , компанија од текстилната индустрија и трговија со текстил, лани остварила приход од 4,2 милиони евра. Нејзиниот профит е 119.000 евра.

Петтото место го делат две кочански фирми. Тие се „Делта Холдинг“ и „Екстра Фунги“. Првата е во сопственост на Горги Ѓоргиевски, кој воедно е косопственик на уште една компанија која се занимава со градежни активности и е во лигата на најголеми кочански фирми. „Екстра Фунги“ е компанија која повеќе години се занимава со преработка на овошје и зеленчук и е во косопственост на жител на Кочани – Сашко Антовски и две скопски правни лица „СПМГ Капитал ДООЕЛ“ и „СЕАФ Македонија 2 Фонд ЛП“. И двете исторангирани фирми лани имаат приход од 1,9 милиони евра, а заедничко им е тоа што имаат минорни профитни маргини. „Делта Холдинг“ лани има добивка од 28.000 евра, а „Екстра Фунги“ од 50.000 евра.

Уште две градежни комании се во групата фирми кои имаат приходи поголеми од еден милион евра. Едната од нив е „Стоименов градба“ која лани инкасирала 1,5 милиони евра и остварила добивка од 271.000 евра што ја прави втора најпрофитно ориентирана локална фирма по „Техком“. Другата компанијата е гореспоменатата „Делта Градба“ градежна компанија специјализирана за станбени единици која лани имала приходи од 1,4 милиони евра и добивка од 95.000 евра.



*Во рангирањето не се опфатени „Тинг Инокс“, „Руен“, „Моневи“, „Генекс“  и „Офис експрес“ за кои не успеавме да обезбедиме финансиски податоци.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

НЕМА НАДЕЖ ЗА ПОДОБРИ ПЕРФОРМАНСИ: домашната економија се бори со „институционални кочници“, потребни се структурни реформи

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

Грејната сезона продолжува до 30-ти април

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

„НИКОЈ НЕ МИ ВЕРУВАШЕ ДЕКА ВО РЕСТОРАНОТ МОЖАТ ДА СЕДАТ И СЕМЕЈНО ДА РУЧААТ ЛУЃЕ ОД ПОВЕЌЕ НАЦИОНАЛНОСТИ“ - Дабевски за искуството со „Кораб Трница“ за „Бизнис муабети“

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка

КОИ СЕ ШПЕДИТЕРИТЕ КОИ ТРИЈАТ РАЦЕ, А ЌЕ СЕ ОФАЈДАТ ОД ЧОКОЛАДИ - еве како „Европа“ ќе ја распредели својата ланска добивка