Kој во Македонија зема бруто плата од 168 475 денари?
Објавено во: Економија 20 Февруари, 2019
Вработените во воздухопловен транспорт во декември лани имале бруто плата од 168 475 денари.
Тие се далеку поплатени од многу други. 108 252 денари бруто земале вработните во компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, изнесува 107.7.
Ова зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (27.1 %), Уметност, забава и рекреација (20.4 %) и Рударство и вадење на камен (19.4 %). Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации (20.0 %), Уметност, забава и рекреација (19.2 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (10.9 %).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2018 изнесувала 37. 704 денари