23 Април, 2024
0.1467

Кој во „Реплек“ ги прави големите пари?

Објавено во: Економија 30 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

„Реплек фарм“ е клучот на успехот за „Реплек“, лани таа фирма ќерка носи над 90 отсто од профитот на групацијата. Лани успеала за прв пат да извезе канабис за медицинска употреба за германски партнер и да обнови сертификати за пазарот на Руската федерација и на пазарите на Европската унија

„Реплек фарм“ е најважаната фирма-ќерка во групацијата „Реплек“ која носи над 90 отсто од профитот на групацијата во која има три фирми ќерки, покажуваат официјаните податоци од годишниот извештај на таа компанија. Лани „Реплек Фарм“ обезбедил приходи од 782,8 милиони денари и добивка од 119,2 милиони денари на „Реплек“.

Што е „Реплек фарм“?

Фабрика за лекови и хемиски производи, сертифицирана од Министерството за здравство за производство на лекови наменети за перорална и локална употреба во цврсти, полуцврсти и течни дозажни форми. Производниот процес е сертифициран со европски и национален GMP сертификат. Реплек Фарм лани  успешно ја поминал инл6спекцијата и се здобил со сертификат за може да продолжи да пласира производи медицинска опрема и лекови на на територијата на Руската федерација. Воедно „Реплек фарм“ лани го обновил својот европски ГМП сертификат, а воедно се стекнал и со обновен ДПП сертификат кој посебно вклучува микробиолошко тестирање во контрола на лекови. 

Дополнително, лани, оваа фирма ќерка продолжила интензивно да работи на проектот за произвдоство на канабис за медицински потреби и при тоа со германски партнер го реализирале и првиот извоз под бренд на германски партнер. Во извештајот пишува и дека значајно ја подобриле и соработката со српски партнери во доменот на услужно производство на лекови.   

Просечна месечна бруто плата на член на Управниот одбор е 4.300 евра

Официјалните податоци од годишниот извештај за лани на „Реплек“ покажуваат дека по основ на редовна плата без дополнителни надоместоци на членовите на управниот одбор на „Реплек“ се исплатени 16 милиони денари. Управниот одбор на компанијата брои 5 члена.Претседател е Иван Туџаров, заменик претседател е Душан Туџаров, а членови се Даница Зимбакова, Сузана Милошевска и Лилјана Макрадули.

„Реплек“ во инвеститорската заедница важи за компанија која редовно исплаќа солидни износи на дивиденда .

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците

ГРЦИЈА, ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА СЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ЗЕМЈИ: Бугарија и Естонија најмалку, еве што покажуваат податоците