25 Април, 2024
0.0321

Кој заработи 300 отсто од продажба на акции во скопска кетеринг компанија?

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber


Да има рангирање за најснаодливи акционери огромна е веројатноста дека извесна Наташа Милева од Скопје ќе биде една од најуспешните. Во предновогодишната еуфорија оваа дама, за која нема потврда дека работи во „Фершпед“, успеа да продаде 171.000 акција во „Уготур“. Заработката на Милева е повеќе од добра затоа што акциите што своевремено ги купи по цена од 7 денари успеа да ги продаде по 20 денари парче. И тоа на неколку дена пред истекот на старата година со која заврши и даночното ослободување за капитална добивка од продажба на акции

Наташа Милева е веќе бивша акционерка во скопската кетеринг компанија „Уготур“. Милева на крајот на 2022 година, раскрсти со кетеринг компанијата и успеа да продаде 171.000 акција во скопски „Уготур“ и од таа продажба да инкасира околу 55.000 евра. Заработката на Милева е повеќе од мрсна затоа што акциите ги купи по цена од 7 денари односно во тоа време во 2017 година за нив плати околу 19.500 евра.

Милева е мајстор за берзанско тргување затоа што успеала во 2 трансакции да продаде 171.000 акција на компанија која вкупно имала 4 транасакции во текот на целата 2022 година. И при тоа во двете трансакции кои не се на Милева прометот е помал од 700 евра.

И сега е црешната на шлагот од тортата што сигурно со задоволство ќе ја сече оваа жена акционерка. Капиталната добивка на купопродажбата (разлика меѓу куповна и продажна цена) изнесува 36.100 евра. И сега иде најјакото: на оваа капитална добивка Милева нема да плати ниту денар персоналец затоа што до крајот на 2022 година капиталните добивки беа ослободени од оданочување.

Новиот сопственик на овие акции кои се 19,75% од сите акции во скопски „Уготур“ е извесен Александар Михајлов за кого на интернет пребарување не може да се најде ништо. Михајлов на 29 декември купил од Милева 150.000 акции по цена од 20 денари и направил берзнански промет од 48.800 евра. Претходно на 23 декември купил 21.000 акција по цена од 20 денари за акција за сума од 6.800 евра.

Во оваа прилика вреди да се истакне дека потегот на Михајлов има економска основа затоа што купил 20 отсто од акциите во компанија што за девет месеци има 4 милиони евра приход од продажба и добивка за овој период во вредност од речиси 50.000 евра.

Што се однесува до Милева таа и претходно била во фокус на анализа на „Фактор“ во периодот кога успеала од „Фершпед Брокер“ да купи 25% од акциите во Уготур при што за секоја акција платила по 7 денари. А најјако е тоа што „Фершпед брокер“ претходно тие акции ги платил по цена од 101 денар за акција, а потоа на Милева ги продавал по цена од 7 денари за акција. Деталите се достапни на овој линк https://faktor.mk/zoshto-fershped-broker-si-pukashe-vo-noga-prodade-svoi-akcii-vo-ugotur-so-zaguba-od-60000-evra

Зошто е атрактивна акцијата на „Уготур“ иако ретко се тргува?

Скопската компанија „Уготур“ е специјализирана за прехрана за потребите на железарските компании, а дополнително развива и успешно работи и кетеринг услуги. Освен дејноста за акционерите и инвеститорите „Уготур“ е атрактивен и заради тоа што поседува 19 отсто од акциите во скопската шпедитерска компанија „Макошпед“ и тука е најголем акционер заедно со „Мепком“.

Од друга страна пак „Макошпед“ во чија контрола учествува „Уготур“ е најголем поединечен акционер во најголемата македонска шпедитерска компанија – скопски „Фершпед“.

Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?