Кој заработува повеќе: нотари versus извршители?
Објавено во: Економија 16 Декември, 2019
Нотарите и извршителите се многу доходовни занимања. Нивните профитни маргини (добивка пред оданочување како дел од приход) не паѓаат под 30 отсто, а одат до безобразни 76 отсто. Ова го докажа „Фактор“ преку објавените податоци за заработките, приходите и платите што ги делат најуспешните во двете дејности. Заради тоа што од овие занимања се прават толку слатки пари овие дејности и да не постоеја досега сигурно ќе ги измислеа.
Кој заработува повеќе : нотарите или извршителите (од оние кои имаат најголеми добивки пред оданочување н.з.)?
Е тука е навистина голема борбата и одлучуваат финеси. Инаку факт е дека нотарите, барем најголемите во земјава, вртат поголеми пари од извршителите. Но профитните маргини им се речиси исти.
Од аспект на профитната маргина т.е. учество на добивката пред оданочување во приходот за нијанса е подобар претставникот на нотарите Методија Ристоски. Лани неговата добивка пред оданочување е 76 отсто од остварениот приход. Има ли во земјава некој што има подобра профитна маргина? Тешко. Најголем конкурент му е скопскиот извршител Крум Коцарев. Тој лани има профитна маргина од 68 отсто, а износот на добивката пред оданочување е 68 отсто.
Од аспект на нето добивка како учество во вкупниот приход како апсолутен износ неприкосновен цар на сите нотари и извршители е Зафир Хаџи Зафиров. Овој скопски нотар лани има нето добивка пред оданочување во износ од 332.300 евра.
За најдобар работодавец кај нотарите може да се прогласи Анета Петровска Алексова зашто просечната плата таму лани била 910 евра. Кај извршителите најдобар работодавец е Антончо Коштанов зашто таму месечната плата лани била 715 евра.
Р.Ф.