19 Април, 2024
0.0267

Кој зеде 878.500 евра од дивиденди?

Објавено во: Финансии 10 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Задолжителните пензиски фондови добија солидни дивидендни приноси на нивните вложувања во домашни акции. Задолжителниот фонд на „Сава пензиско“ од домашни акции во 2018 година зема 878.500 евра дивиденда, а фондот на “КБ Прво“ на своето конто додаде 347.140 евра од дивиденди на своите акции

Двата задолжителни пензиски фонда од вториот столб ги објавија своите ревидирани податоци. Во оваа прилика „Фактор“ ќе сврти особено внимание на приносите од дивиденди од акциите кои во портфолио ги имаат двата задолжителни пензиски фондови кои повеќе години наназад се присутни на македонскиот пазар на капитал.

Вкупниот дивиденден принос што е распределен на сметките на идните пензионери – членови на задолжителниот пензиски фонд „Сава пензиско“ изнесува 2,91 милиони евра. Од тие пари принос од домашни акции се 878.540 евра остварени од 10 домашни акции кои се во портфолиото на овој пензиски фонд. Вкупната вредност на портфолиото на 12 домашни акции на крајот на минатата година е надминува 21 милиони евра. Вредноста на странските акции во портфолиото на овој фонд е 58,25 милиони евра на крајот на минатата година. Тие на фондот му донеле принос од 2,03 милиони евра. Ако се споредат вредносните на портфолијата со приносот што го донеле излегува дека лани попродуктивно е вложување е домашните акции. Приносот добиен од 9 од вкупно 12 домашни акции е 4,15 отсто од вредноста на портфолиото. Приносот од странските акции е 3,49 отсто од вредноста на портфолиото.

Од домашните акции овој фонд во своето портфолио ги има „блучиповите“: „Алкалоид“, „Комерцијална банка“, „Телеком“, „Прилепска пиварница“ , „Македонијатурист“, „Охридска банка“ „Реплек“, „Тетекс“, „Фершпед“, „Витаминка“, „Тиквеш“ и битолскиот земјоделски комбинат „Пелагонија“. Најголем приход има од акцијата на „Алкалоид“ каде и вложениот износ е најголем. Во структурата на компанија фондот има 3,15 отсто од сите акции.

Приносот од домашните акции на „КБ Прво“ лани е 347.140 евра. Вредноста на портфолиото на крајот на минатата година е 11,15 милиони евра. Ова значи дека приносот во однос на вредноста на влогот изнесува 3,11 отсто. Кај ова портфолио диверзификацијата е многу помала. Тоа е составено од акциите на: „Алкалоид“, „Охридска банка“, „Македонијатурист“ и на “Гранит“.  Кај последната акција во портфолиото фондот одлучил да продава и на таа продажба остварил капитална добивка од околу 45.000 евра.

Значајно е да се истакне тоа што и кај двата фонда има зголемување на пазарната вредност на акциите во портфолијата. Вредноста на портфолиото на „Сава пензиско“ е 21,15 милиони евра и е за 3,75 милиони евра повисока од набавната цена. Кај „КБ Прво“ вредноста на портфолиото е 11,15 милиони евра и е за 1,1 милиони евра повисока од набавната цена.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин