24 Април, 2024
0.0270

Која банка направи 44,5 милиони евра профит?

Објавено во: Економија 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Петте најголеми банки во земјава заедно направиле профит од 127,7 милиони евра. „Стопанска банка Скопје“ во целиот профит на големата петорка учествува со 35 отсто односно 44,5 милиони евра

„Стопанска банка Скопје“ имаше рекордно висока добивка која за 2018 година изнесува 44,5 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од неривидираниот финансиски извештај достапен на страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Добивката на „Стопанска банка Скопје“ лани е за 11,4 милиони евра односно за 34,5 отсто повеќе од 2017 година. Податоците покажуваат дека добивката по акција лани изнесува 157 денари и е за 40 денари поголема од профитот што секоја акција на оваа банка ја оствари во 2017 година.

На што се должи ова?

„Стопанска банка Скопје“ лани успеала да одржи континуитет во растот на двата главни приходи : каматите и приходите од провизии и надоместоци. Паралелно со тоа банката има суфицит т.е. позитивно салдо односно нема загуба заради оштетување нефинансиски средства, а износот на резервациите лани во споредба со 2017 година е понизок за 5,5 милиони евра односно е помал за речиси 40 отсто. Единствен значајно зголемен трошок на банката е издатокот за вработените. Тие лани изнесувале 8,6 милиони евра и се за 1 милиони евра повисоки од 2017 година. Всушност зголемениот трошок за вработените и не е негативен индикатор оти задоволни вработени може да значи подобра продуктивност и посреќни акционери во крајна линија.

Нето приходите од камати на оваа банка лани изнесувале 62 милиони евра, а нето приходите од провизии и надоместоци 16,3 милиони евра. Останатите приходи на банката, кои во најголема мерка значат продажба на заложен имот, достигнале 9,1 милиони евра.

Многу е значајно да се истакне дека банката лани и преклани на своите акционери им исплатила дивиденда од речиси 90 милиони евра. Повеќе од 90 отсто од тие пари завршиле во Грција кај мнозинскиот акционер НБГ банкарската групација.

Забележлив е значаен раст на кредитирањето кое лани надмина 1 милијарда евра. Ова е проследено со раст на депозитите кои на крај на 2018 година достигнаа ниво од 1,23 милијарди евра што е за 100 милиони евра повеќе од 2017 година.


Р.Ф. 

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска