14 Ноември, 2019
0.0186

Која банка направи профит од 17 милиони евра за шест месеци?

Објавено во: Економија 22 Август, 2019

Со добивка од 17 милиони евра за половина година „Стопанска банка Скопје“ останува банка со најголем профит во однос на најголемите конкуренти. Главни карактеристики се умерен раст на кредитирањето и силен раст на депозитната база во однос на крајот на 2018 година

„Стопанска банка Скопје„ за првите шест месеци годинава направи добивка од едно евро по акција, покажуваат официјалните податоци што ги објави оваа деловна банка, една од трите најголеми на македонскиот банкарски пазар. Во споредба со истиот период лани добивката на банката е пониска за 10,7 милиони евра, но со оглед на тоа дека ланската година беше исклучителна, овој резултат е солиден. Со добивката од 17,1 милиони евра за половина година „Стопанска банка Скопје“ продолжува да биде банка со најголема добивка во споредба со најголемите конкуренти на македонскиот банкарски пазар.

Што покажуваат фактите?

Нето приходите од камати за првата половина од годинава се 29,6 милиони евра и се за 1,3 милиони евра пониски во споредба со истиот период лани. Нето приходите од провизии и надоместоци компензирале дел од намалените нето приходи од камати. Тие за првото полугодие се 8,7 милиони евра и се за 632.000 евра поголеми од нето приходите од провизии лани. Од останати приходи банката инкасирала 3,1 милиони евра и тоа е за една петина помалку од претходната година. 
На расходната страна најголем трошок се резервациите кои изнесуваат 6,7 милиони евра и тука е главната разлика во споредба со лани кога немаше резервации и тоа влијаеше на добивката. Да потсетиме дека главен генератор на тоа беше продажбата на побарувањата во „ФЕНИ“ на компанијата која се стопанисува со комбинатот за топење никелова руда. Трошокот за вработените е 6,8 милиони евра и е за 110.000 евра поголем од истиот период лани, а останатите трошоци од дејноста се на ниво од 8,3 милиони евра. Загубата заради оштетување нефинансиски средства е околу 110.000 евра.

Од билансот на состојба е видлив значаен раст особено на депозитната база и пристоен раст на кредитирањето. Депозитите на крај на јуни се на ниво од 1,27 милијарди евра и се за 39 милиони евра повеќе од крајот на декември лани. Нивото на кредитирање се одржува над една милијарда евра и на крај на јуни изнесува 1,05 милијарди евра што е за 17,3 милиони евра повеќе од крајот на 2018 година. Во хартии од вредност „Стопанска банка Скопје“ чува 103,7 милиони евра и тоа е за 8,3 милиони евра повеќе во споредба со крајот на 2018 година.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Потпишан е Mеморандум за соработка за бизнис без никакво ограничување

Потпишан е Mеморандум за соработка за бизнис без никакво ограничување

Заев - Бјорсон Баркбу: Kлучни за развојот на економијата се фискалната стабилност и предвидливоста

Заев - Бјорсон Баркбу: Kлучни за развојот на економијата се фискалната стабилност и предвидливоста

РАСТ НА ПЛАТИ: Европска земја го зголемува минималецот

РАСТ НА ПЛАТИ: Европска земја го зголемува минималецот

ГО СИМНА ЗЛАТОТО ОД ТРОНОТ: Овој метал е број еден

ГО СИМНА ЗЛАТОТО ОД ТРОНОТ: Овој метал е број еден

Голем интерес кај бизнис заедницата од земјата и регионот за осмото издание на Самитот Македонија2025

Голем интерес кај бизнис заедницата од земјата и регионот за осмото издание на Самитот Македонија2025

Фактор позајми брзи кредити од најголемите друштва: ИутеКредит и СН со најниски трошоци, „Кредисимо“ не ви верува, „М Кеш” ќе ве изгори

Фактор позајми брзи кредити од најголемите друштва: ИутеКредит и СН со најниски трошоци, „Кредисимо“ не ви верува, „М Кеш” ќе ве изгори

ДОДЕКА ГРУЕВСКИ Е ОСЛОБОДЕН, сите ние кај Кинезите се задолжуваме уште 180 милиони долари за Кичево-Охрид

ДОДЕКА ГРУЕВСКИ Е ОСЛОБОДЕН, сите ние кај Кинезите се задолжуваме уште 180 милиони долари за Кичево-Охрид

Мила Царовска: Просечната пензија во 2020 ќе биде 15.500 денари

Мила Царовска: Просечната пензија во 2020 ќе биде 15.500 денари

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка во деветте месеци годинава

Стопанска банка а.д. Битола оствари добивка во деветте месеци годинава