20 Април, 2024
0.0266

Која банка од камати направи нето 60,7 милиони евра?

Објавено во: Економија 02 Март, 2021

Добивај вести на Viber

И втората од големите три банки лани во главен фокус ги ставила државните обврзници. Во нив вложила речиси 100 милиони евра наспрема 70 милиони евра во кредитни пласмани во фирми и домаќинства. Во корона година големите банки одеа на сигурно

„Стопанска банка Скопје“ лани, во корона кризата, ги зголеми нето приходите од камати за 1,7 милиони евра до ниво од 60,4 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех за работењето лани на втората системска банка. Лани оваа голема банка значајно ги зголемила своите пласмани во државни хартии од вредност, а солидно ја подобрила и својата пазарна позиција во делот на кредитирањето. Добивката за 2020 година е 31,8 милиони евра што е за 6,7 милиони евра послаб резултат од претходната година. Но без разлика на падот на добивката, банката има фантастичен резултат и држи ниво со нејзините најголеми конкуренти „Комерцијална банка“ и НЛБ Банка Скопје.

Намалувањето на добивката на „Стопанска банка“ е резултат на комбинација од неколку фактори од кои за истакнување се следниве: на прво место тоа е зголеменото ниво на резервации кои на крај на декември лани достигнаа 15,65 милиони евра што е за 3,25 милиони евра повеќе од 2019 година. Значаен фактор е и намаленото ниво на останати приходи од дејноста кои во 2019 година биле 8,6 милиони евра, а лани паднале за 2,8 милиони евра и изнесувале 5,77 милиони евра. Значајна расходна ставка и лани се трошоците за вработените кои изнесуваат 14,17 милиони евра, за 340.000 евра повеќе од 2019 година.

Растот на нето приходи од камати лани е речиси комензиран со големиот пад на нето приходите од провизии и надоместоци кои заради пандемијата се намалени кај многу банки. Нето приходите од камати лани се 12 милиони евра и се намалени за 1,4 милиони евра.

Кредитите на коминтентите лани на крај на година достигнале ниво од 1,15 милијарди евра што е 73,2 милиони евра повеќе од претходната споредбена година. Сепак главен фокус на вложување лани бил ставен врз вложувањето во државни хартии од вредност. Банката лани вложила дури 98 милиони евра во хартии од вредност. Тоа е поголем износ на вложени пари, во апсолутен износ, дури и од инјектирањето во кредитни пласмани. Вкупниот влог во хартии од вредност лани изнесува 239,2 милиони евра и тоа е 70 отсто повеќе од претходната година. Билансите на „Стопанска банка Скопје“ и на „Комерцијална банка“ покажуваат дека двете најголеми системски банки во фокус го имале финансирањето на државните функции пред компаниите и граѓанството.

Значајно за истакнување и покрај тоа што во апсолутна вредност е мала ставка е вредноста на превземени средства врз основа на неплатени побарувања. Лани на 31 декември нивната вредност надмина 3 милиони евра, а 2019 била неполни 700.000 евра. Растот на превземените средства е четирикратен во однос на состојбата во 2019 година.

Депозити на коминтентите надминаа 1,4 милијарди евра, а тоа е за 61 милиони евра повеќе од претходната година.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите