23 Април, 2024
0.0253

Која банка заем бара?

Објавено во: Финансии 02 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Најмалата банка, чија акција котира на берза, повторно прави голем чекор. Се охрабри да издаде корпоративна обврзница со овие услови:

Акционерите на ТТК Банка утре ќе одлучат дали банката ќе издаде корпоративна обврзница на јавна понуда. Ова е предлогот за кој доколку даде зелено светло „Тетекс“ многу е веројатно дека во брза иднина нов финансиски инструмент ќе ја збогати понудата на македонскиот пазар на хартии од вредност.

Што ќе понуди ТТК Банка?

Новата корпоративна обврзница е должнички инструмент што ТТК Банка преку берзата ќе ја понуди на заинтересирани инвеститори на домашниот пазар на капитал. Станува збор за 1,5 милиони евра пари кои ТТК Банка сака да ги прибере од заинтересирани инвеститори. Обврзницата ќе се издава во апоени од 1.000 евра, што воедно ќе биде и почетна пазарна цена на таа обврзница. Обврзницата ќе биде неограничено пренослива и со неа ќе може да се тргува на берзата. 

Корпоративната обврзница ќе носи каматен прилив од 3,5 отсто на годишно ниво и тој ќе биде фиксен износ за целиот период. Обврзницата банката ќе ја исплати за 5 години. Првата рата од каматата ќе биде исплатена 12 месеци по приливот на средствата од издадената обврзница. Главницата ќе биде исплатена на истекот на петата година од приливот на средства од продадената обврзница заедно со последната рата на камата.

Јавната понуда ќе биде успешна ако се откупат 60 отсто од понудените обврзници по најниска почетна цена од 1.000 евра по обврзница. Целта поради која банката одлучила да оди на овој чекор е цитираме: Зајакнување на капиталната сила и на вкупниот финансиски потенцијал на Банката, со што Банката планира да ги оствари планираните бизнис цели утврдени во Деловната политика, развојниот и финансиски план за период 2019- 2021 година.

Како работеше ТТК Банка

ТТК Банка има квартал со добивка од речиси 100.000 евра што е неспоредливо подобро од лани кога тромесечјето го заврши со загуба од 60.000 евра. Во острата конкуренција на средни и на мали банка таа бележи раст на кредитирањето, статус кво на депозитна база, нула трошоци за штети на нефинансиски средства. Бруто приходите од камати во однос на истиот период лани се пониски за 50.000 евра и изнесуваат 1,31 милиони евра, а нето приходите од камати до крајот на март се на ниво од 1,045 милиони евра што е за 50.000 евра послабо од истиот период лани. Сепак банката успеала во значајна мерка намалените приходи од камати да ги компензира со зголемените приходи од провизии и надоместоци.Тие за првите три месеци годинава се 510.000 евра и во однос на лани се поголеми за 34.000 евра.


Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА