28 Март, 2024
0.0260

Која државна фирма лани направи профит од 84 милиони евра?

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Државната фирма ЈПДП која управува со патарините лани остварила добивка во износ од 84,2 милиони евра. Ова можеби е најголем профит во однос на сите други компании во земјава. Реално добивката е резултат на 50,84 милиони евра оперативна добивка и уште 33,4 милиони евра приливи од кредити наменети за финансирање патишта и автопати

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) лани оствари профит од неверојатни 84,2 милиони евра, покажуваат официјалните податоци на независната ревизија на ова јавно претпријатие.

ЈПДП лани остварила приходи од 105,1 милиони евра имала расходи од 54,25 милиони евра и остварила оперативна добивка од 50,84 милиони евра. Кога на тоа ќе се додаде позитивната разлика остварена меѓу финансиските приходи и финансиските расходи добивката се зголемува за 33,4 милиони евра и нето добивката на лани изнесува 84,2 милиони евра. Нето добивката на друштвото пораснала за 50 милиони евра и од остварената во 2016 година која изнесувала 33,6 милиони евра.

Многу е  веројатно дека ЈПДП лани била компанија со најголем профит во земјава во споредба со сите други фирми и приватни компании. Споредбата на нејзината добивка за лани покажува дека имала поголем профит од кое и да е акционерско друштво чии акции се тргуваат на Македонската берза. На листата на компании со најголеми приходи во земјава за лани ЈПДП е на високото 16 место.

Од што зема пари ЈПДП?

Според структурата ЈПДП остварува приходи од три различни дејности. Лани најголем приход претпријатието остварило од приходот од акциза кој оди во нејзиниот буџет од секој продаден литар нафта и нафтени деривати. Лани по тој основ ЈПДП приходувала 41,3 милиони евра. Втора по големина приходна ставка се патарините од кои се остварени 38,73 милиони евра. Од регистрација на моторни возила друштвото имало прилив во износ од 24,25 милиони евра. Вкупно лани приливот во ЈПДП бил 104,3 милиони евра. 

На расходната страна доминира амортизацијата и трошоците кои ги исплатила на добавувачи односно на компании кои градат автопати. Трошокот за амортизација е 25,86 милиони евра, а за добавувачите односно за изградбата на патиштата биле исплатени 19,7 милиони евра. За трошоци на вработените ЈПДП одвоила 3,4 милиони евра, а за останатите расходи биле платени 5,5 милиони евра. Друштвото лани платило данок на добивка во износ од 6,2 милиони евра. 


Р. Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат