25 Април, 2024
0.0309

КОЈА Е „КВАНТУМ ДООЕЛ“, ФИРМАТА ПОСРЕДНИК ЗА РЕГИСТАРСКИТЕ ТАБЛИЧКИ - од МВР уверуваат дека се е по закон и по сите прописи

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Која е фирмата „Квантум ДООЕЛ“, која го доби тендерот на Министерството за внатрешни работи, за да биде посредник при изработкта на регистарските таблички за возилата во земјава. 

Според податоци кои можат да се добијат од Бизнисмрежа, сопственик на фирмта е извесен Аднан Назим.

Нејзината адреса е на улица Народен фронт во Трговскиот центар Беверли Хилс.

Но, она што би требало да загрижува, барем како што може да се види од податоците, доколку станува збор за истата компанија, е дека се работи за деловно неактивен субјект. 

Фактор сите овие дилеми ги провери кај МВР, односно ги прашавме која е компанијата „Квантум ДООЕЛ, дали е активна, кој е нејзин сопственик, колку време постои и колкав е нејзиниот основачки влог.

Од МВР добивме одговор дека фирмата има способност, ги платил сите даноци, а не е во стечај ни во ликвидација. Исто така, од МВР уверуваат дека постапката е спроведена по закон и по сите стандарди.

„Фирмата на тендер доставува документи за утврдување на способност, утврдени согласно Закон за јавни набавки, и од доставените документи може да се утврди дека сите даноци се платени, нема забрана за работа, не е во стечај и не е во ликвидација. Постапката е спроведена по сите стандарди и законски норми, и тоа е потврдено и од надлежните тела кои одлучуваа по жалби во врска со постапката“, се вели во дописот кој го добивме од Министерството за внатрешни работи.

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, Министерството за внатрешни работи ја ангажираше германската компанија ЕХА Хофман со потекло од Германија, која сукцесивно во наредните три години ќе треба да ги изработува регистарските таблички за моторните возила.

Според рамковната спогодба, ЕХА Хофман е производител на регистарските таблички, додека посредникот е фирмата „Квантум ДООЕЛ“. 

Според договорот објавен вчера во системот за јавни набавки, тендерот чини 118 милиони денари со вклучен ДДВ.

Една алуминиумска табличка за моторно возило ќе чини 368 денари, а на истата ќе треба да биде изработена и новата назнака „NMK“ според Преспанскиот договор. Гаранцискиот рок ќе трае 7 години. Според рамковната спогодба, ќе треба да бидат произведени повеќе од 300.000 примероци, од кои 240.000 ќе бидат за класичните моторни возила.

Министерството за внатрешни работи веќе најави дека ќе стартува со издавање нови регистарски таблички со ознаката „NMK“, што е дел од обврските со Преспанскиот договор со кој се реши спорот за името со Грција. На сината лента на таблицата ќе стои кодот „NMK“.

Министерот Оливер Спасовски вчера во Собранието потврди дека имало одреден проблем и одреден застој со јавната набавка, која се спроведувала и по забелешки од Бирото за јавни набавки била обезбедена конкурентност. Тој проблем со склучување на договорот, посочи Спасовски, е надминат и во понеделникот се стигнати 14 илјади таблици во магацините на МВР.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст