КОЈА Е ПРИЧИНАТА: Радикални десничари тепаа грчки пратеник
Објавено во: Балкан 24 Септември, 2018
Пратеникот на грчката партија СИРИЗА Петрос Констандинеас, тврди дека 30 радикални десничари го нападале пред стадионот во грчкиот град Каламата, кусо пред почеток на фудбалски натпревар, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Тој е пренесен во болница со полесни повреди, а за АНА-МПА изјавил дека со него не бил и неговиот син. Тој додаде и дека фашизмот нема да помине.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, нападот го осудија сите политички партии во Грција.
Од кабинетот на грчкиот премиер Алексис Ципрас, преку соопштение коментираат дека фашистите кои го нападнаа пратеникот ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за постапките.
Полицијата привела пет лица, а истрагата е во тек.
Ова не е прв ваков случај. Претходно ултра националисти и десничари го нападнаа и солунскиот градоначалник, Јанис Бутарис кој потоа заврши во болница.