КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА 22 ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА ОД ШТИП - ќе ги даде ли обдукцијата одговорите
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2020
По наредба на јавен обвинител ќе се даде на обдукција телото на 22 годишна девојка од Штип, која била пронајдена од нејзината мајка во бессознаие. Мајката викнала Брза помош, чии лекар само констатирал смрт.
„На 20.11.2020 во СВР Штип било пријавено дека К.В. околу 07.00 часот во нејзиниот дом на ул.„Булевар ЈНА“ во Штип, ја пронашла својата ќерка С.В.(22) во бессознание. Од лекар на Итна медицинска помош е констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. За настанот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата ќе биде дадено на обдукција“, соопшти Министерството за внатешни работи.