Која е жената која на избори ќе се трка со Ердоган?
Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2018
Мерал Аксенер e жената која ќе му биде противкандидат на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган в недела на избори.
62 – годишната Аксенер е поранешен министер за внатрешни работи и потпретседател на Турскиот парламент до 2015 година. Од октомври лани е на чело на опозициската либерално конзервативна и секуларистичка партија IYI. Нејзиното семејство потекнува од Солун, од каде во 20 тите години на мнинатиот век е протерано во Истанбул. Таа била член на владејачката апртија на Ердоган, но во 2016 година се разидува со него поради воведувањето на уставните измени.
В недела во Турција ќе се одржат вонредни претседателски и парламентарни избори на кои Ердоган ќе има дури пет против кандидати.