Која европска земја ќе влезе во рецесија?
Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022
Централната банка очекува рецесија во Германија во зимската половина од годината.
Дека ова сценарио е извесно предупреди централната банка Bundesbank. Економијата од јули до септември пораснала за 0,3 отсто во однос на претходните три месеци. Трошоците за енергијата и неизвесното снабдување со енергенси претставува тежок товар за компаниите. Високата инфлација ја кочи личната потрошувачка.
Статистиките укажуваат на тоа дека германските граѓани мораат да штедат.
Инаку, и руската економија влезе во рецесија. Русија е под санкции поради инвазијата на Украина.
foto freepik.com/panoramaphotos