Која европска земја не сака да прати оружје во Украина?
Објавено во: Свет 20 Март, 2023
Со образложение дека сака мир, Унгарија не сака да испраќа муниција во Украина.
Тоа нема да ги спречи другите држави од Европската Унија да го сторат тоа. Ваков став денеска сподели унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто.
Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска одобрија акционен план, чија цел е да се снабдат украинските сили со најмалку еден милион гранати од 155 милиметри и да се надополнат стратешките резерви на земјите од ЕУ, од кои некои се скоро целосно исцрпени. Две милијарди евра ќе бидат повлечени од Европскиот мировен фонд (ЕПФ), вонбуџетски финансиски инструмент на Европската Унија кој ја подобрува способноста на ЕУ да дејствува како глобален обезбедувач на безбедност.
Унгарија прво ја бранеше Русија, беше против санкциите, потоа тврдеше дека е за мир затоа што според нив и Унгарци кои живеат во Украина, војуваат и гинат во првите борбени редови.
Американскиот Стејт департмент денеска објави дека САД ќе испратат на Украина нов пакет помош во оружје и опрема во вредност од 350 милиони долари. Ова ќе стигне пред очекуваната пролетна офанзива.
Жестоки борби се водат околу Бахмут. Со месеци руските сили сакаат да го заземат, но украинските војници пружаат отпор.