Која фирма лани дала 1.000 евра просечна месечна нето плата по вработен?
Објавено во: Економија 16 Јули, 2018
Има ли профит во бизнисот со природниот гас?
Лани ГА-МА фирмата за пренос и управување со гасоводниот систем дала 1.000 евра просечна месечна нето плата по вработен.
Профитот кој го имала таа компанија бил 2,27 милиони евра а минатата година имала приходи од 6,45 милиони евра и тие во однос на 2016 година се поголеми за 1,1 милиони евра.
ГА-МА е фирма во која сопственици се Владата и „Макпетрол“.