Која институција ќе добие најголема инјекција од буџетот за 2019?
Објавено во: Економија 19 Ноември, 2018
Здравството ќе ја добие најголемата финансиска инјекција од буџетот скроен за следната година а 7 милиони евра пари ќе завршат за купување возила и мебел.
За следната година предвиден е историски највисок буџет. Тој е за 300 милиони евра поголем од годинава.
Со цел македоснаката армија да се издигне на повисоко ниво и да ги стигне стандардите на НАТО, министерството за одбрана е второ кое од буџетот ќе лапне најмногу пари за купување опрема.
Министерот Тевдовски потенцира дека парите од ставките за стоки и услуги за 2019-та и тоа за 33 милиони евра повеќе од годинава не се за луксузирање туку главно станува збор за набавка на возила во здравството, практично возила за брза помош .
3,7 милијарди евра е сумата на која надлежните го скроија буџетот за следната година, и тоа е историски најголем досега.