19 Април, 2024
0.0264

Која осигурителна компанија исплати најголеми премии за жртвите од земјотресот во Хрватска?

Објавено во: Мои пари 27 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Република Хрватска во последните години беше погодена од бројни катастрофи - од катастрофални пожари и поплави, до земјотреси и порој во Загреб, во кои граѓаните изгубија имот коj гo стекнуваа можеби цел живот. Според сеизмолошките  истражувања, Хрватска, заедно со Грција, Турција, Северна Македонија и Италија е во област со најтектонски ризик во Европа. Ова и беше причина зошто Хрватска доживеа неколку големи земјотреси и низ историјата, а и ланската година. Во март минатата година беше погоден Загреб и неговата околина. После тоа, и во следните два месеци, областа доживеа голем број помали земјотреси кои не беа воопшто пријатни за никој од жителите на областа. На истекот на ланската година силен земјотрес го погоди и Петриња, односно сисачко-мословачкиот округ каде сè уште има повремени потреси.

Оние граѓани кои беа оштетени со пролетниот земјотрес, а кои имаа осигурителни полиси за заштита од земјотрес, во голем дел веќе ја добија премијата од осигурителните компании со која можеа да ги направат потребните поправки во своите домови и да ги санираат штетите од земјотресот. Останатите ќе треба тоа или самите да го платат или да чекаат државата да изврши санација, но и тука ќе биде потребно сопствено учество.

Во Загреб, каде пролетниот земјотресот беше помалку разорен, според Хрватското биро за осигурување, штетите што осигурителните компании ќе ги исплатат достигнуваат речиси 53 милиони евра (400 милиони куни). Притоа, до  30 ноември 2020 година се исплатени 31,5 милиони евра (237,5 милиони куни) и според проценките ќе треба да се исплатат уште дополнителни 20 милиони евра (150 милиони куни).

Најмногу штети има реализирано Кроациа осигурување, која за овој земјотрес досега има исплатено речиси 20 милиони евра (150 милиони куни) за 5000 пријавени штети. Во оваа осигурителна компанија велат дека извештаите за штети од последните земјотреси во сисачко-мословачкиот округ штотуку почнуваат да пристигнуваат, но станува збор за мал број извештаи со оглед на тешката состојба што сè уште трае во оваа област каде почвата се уште не се смирува.

Откако минатогодишните катастрофални земјотреси ја погодија централна Хрватска, раселија бројни семејства и зедоа човечки жртви, сè повеќе луѓе се заинтересирани за осигурување од земјотрес, за што многумина не помислуваа пред 2020 година и до скоро се сметаше исклучиво како трошок. Денес, кога стана јасно колку време ќе и треба на државата да започне реконструкција и дека не секој ќе има право на државна помош при реконструкција, осигурувањето од земјотрес во Хрватска стана многу барано. Тоа го покажуваат податоците според кои интересот за склучување договори за осигурување од земјотрес се зголеми за неверојатни 28 проценти на ниво на пазарот.

Сепак, од осигурителните компании сметаат дека не треба да се реагира само по вакви катастрофи туку дека е важно да се подигне нивото на свесноста на граѓаните за неопходноста од инвестирање во ваков вид заштита и да се развие осигурителна култура. Особено кога станува збор за осигурување имот или осигурување од земјотреси, пожари, поплави и други опасности.

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ