29 Март, 2024
0.0236

Која земја во Европа е на трагичниот врв по пиење алкохол?

Објавено во: Стил 22 Април, 2018

Добивај вести на Viber

На пиедесталот се наоѓа Литванија како земја во којашто најмногу се пие алкохол.

Литванците во 2016 година, во просек испиле 18,2 литри чист алкохол. Претходната година тој просек бил 14,9 литри чист алкохол по Литванец. Ова е исто како да испиле во просек 910 големи пива или исто толку средно големи чаши вино, во текот на една година, односно по две и пол на ден.

Оваа слика е трагична имајќи предвид дека постои тренд во Европа  да се намали консумацијата на алкохол. Неко од мерките за да се постигне тоа се поскапените цени на алкохолот, како што е  отежнатоста за неговата достапност.

Проблемот со алкохолот е најголем во Литванија, а тоа може да се забележи и од зголемениот просек за 3,3 литри.

Државата тежнее да го намали овој проблем со забраната за продажба на алкохол на бензинските станици и со покачување на таксите за алкохол. Сепак, нивоата на консумирање алкохол останале значително високи.

Ова е така затоа што Литванија, како и Латвија, Естонија и Полска, припаѓаат на нордиските земји каде 90% од пивото се пие дома, додека пак во Грција, Ирска, Малта, Португалија и Шпанија повеќе од 60% од пивото се пие во барови.

Една од најголемите причини зошто се пие толку многу алкохол е тоа што менталното здравје на општеството е многу лошо. Луѓето се чувствуваат несреќно и пијат алкохол за да се чувствуваат подобро. 

Како решение за  овој проблем се предлага сите алкохолни пијалоци да имаат на нив табела со составот на производот, како и со неговите енергетски вредности и негативни особини и токсични нивоа.


Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи

СЕ ОГЛАСИ НАВОДНАТА ЉУБОВНИЦА НА ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ: Никој не очекуваше да каже ништо, но не можеше повеќе да молчи