19 Април, 2024
0.0273

Која златна кокошка е на продажба?

Објавено во: Економија 16 Август, 2019

Добивај вести на Viber

ЗК „Пелагонија“ ја понуди на продажба гасната централа во Логоварди која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати струја од биогас. Централа до 2030 година има загарантирана цена од 180 евра за секој продаден мегаватчас струја, а нејзината почетна цена за продажба е 6,7 милиони евра

 Битолската агрокомпанија ЗК „Пелагонија“ ја нуди на продажба својата компанија за производство на електрична енергија со седиште во Логоварди, објави компанијата на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност. Станува збор за централа која произведува електрична енергија од биогас кој се добива од третман на изметот од кравите кои ги има оваа земјоделска компанија. Почетната цена по која ќе се продава централата во Логоварди е 6,7 милиони евра. Огласите за продажба се објавени во два дневни весници на 10 август годинава. Компанијата ги продава сите удели во оваа централа за производство на електрична енергија која има инсталиран капацитет за производство на 3 мегавати електрична енергија.

Зошто оваа централа е златна кокошка?

Оваа компанија е „зелен“ производител на електрична енергија односно обновлив извор за производство на струја. Заради тоа ги задоволува критериумите и од државата има повластена цена на електрична енергија што ја одобрува Регулаторната комисија за енергетика. Цената што ја одобрува државата е 180 за произведен мегаватчас електрична енергија. Што значи дека ако оваа компанија за една година произведе 20.000 мегаватчасови електрична енергија може да добие 4 милиони евра од продажба на електричната енергија. Овој извор за производство на струја не ја загадува животната средина и заради тоа овие производители добиваат субвенции односно повластена цена. Многу значаен момент е тоа што оваа централа има лиценца за производство со повластена цена до 2030 година. Тоа значи дека има гаранција дека секој произведен мегаватчас електрична енергија до истекот на лиценцата ќе го наплати по 180 евра.

ЗК „Пелагонија“ во сопственост има две вакви централи за производство на електрична енергија со инсталиран капацитет од по 3 мегавати. Едната од нив е во Логоварди, а другата во селото Породин во близина на Битола. Секако многу е важно за нејзниот производен процес да се обезбеди суровина што значи дека е потребно да има краварска фарма со соодветен капацитет како што има ЗК „Пелагонија“.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет