КОКА КОЛА ДАДЕ 260 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА „БАМБИ“: Сега го “мерка“ и „Књаз Милош“
Објавено во: Економија 19 Февруари, 2019
Директорот на „Мои брендови“ Андреј Јовановиќ изјавил дека компанијата Кока-Кола е заинтересирана и за купување на „Књаз Милош“ , пренесуваат српските медиуми.
Во рамки на „Мои брендови“ спаѓаат компаниите Имлек, и „Књаз Милош“, како и Бамби, кој Кока-Кола ХБЦ АГ го купи за 260 милиони евра.
За тоа купување се чека одобрение од Комисијата за заштита на конкуренција.
Медиумите од регионот пренесуваат дека во бизнис круговите се зборува дека и купувањето на „Књаз Милош“ е договорено.
-Не е точно дека сме го продале „Књаз“ на Кока Кола. Ако прашувате дали тие се заинтересирани за купување, можам да кажам дека се-рекол Јовановиќ.
Во Комисијата за заштита на конкуренција рекле дека Кока Кола уште не поднела пријава за концентрација поради стекнување на контрола над „Књаз Милош“.
Доколку дојде до оваа аквизација, Кока Кола би имала околу 40 отсто од пазарниот удел, што е на границата на монопол.
Јовановиќ рекол и дека Имлек очекува развој, бидејќи во наредниот период ќе добие најдобра фабрика во Европа, што како што тврди, ќе биде завршена во наредните година дена.
Потоа, според неговите зборови, ќе биде познато дали Имлек ќе биде препознат од некои мултинационални играчи.