Kолективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија e „Macedonia the GReat”
Објавено во: Економија 14 Ноември, 2019
„Macedonia the GReat” e колективна трговска ознака за производите од грчката област Македонија.
Слоганот „Macedonia the GReat”, со потенцирани букви ГР како кратенка за Грција и буквата „М” како ознака, испишани со бело на сина позадина, се новите колективни трговски ознаки за грчките производи од грчката област Македонија, односно т.н. македонски производи.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, ознаката и слоганот со кои грчките производи ќе бидат пропратени на меѓународно ниво, беа презентирани денеска во Солун од Здружението на извозници на Грција, во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
По презентацијата, грчкиот премиер Kирјакос Мицотакис рече дека новата колективна ознака „отсега, па натаму ќе ги придружува македонските производи и услуги низ целиот свет”.