Колемишевски бара од PayPal да продава македонски производи
Објавено во: Економија 07 Октомври, 2019
Заменик министерот за економија Кирил Колемишевски денеска се сретна со Венко Глигоров, застапникот на PayPal во Македонија, и изрази подготвеност да се работи во насока на продажба на македонските производи на странските пазари.
Оваа услуга засега е само достапна за купување на странски производи од граѓаните на нашата земја и тоа е овозможено од државата, но нема можност за продажба на македонските во странство.
„Одлична средба денеска со Венко Глигоров, еден од нашите најискусни претприемачи и претставникот на приватната иницијатива за воведување на PayPal и останати платежни процедури.
Преку овозможување на PayPal сметам дека има голем потенцијал на македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светскиот пазар. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединците и професионалците, чии услуги и производи се барани во Европа и Светот“, објави Колемишевски.
Колемишевски најави дека заедно со Глигоров же се заложат македонската економија да го динамизира и да овозможи услови за поголем извоз на македонските производи и услуги.