Колешката на Јанева, Лаура Ковеси ќе се бори против измами во ЕУ
Објавено во: Свет 25 Септември, 2019
Романката Лаура Ковеси стана прва обвинителка на ЕУ против измами.
Европскиот совет денеска го потврди изборот на поранешната директорка на романската Агенција за борба против корупција, Ковеси, за прв обвинител на ЕУ против измами.
„Ковеси е совршен избор“, се вели во изјавата по договорот на шпанскиот европратеник Хуан Фернандо Лопез Агулар, претседател на Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент .
Ковеси стана позната како борец против корупцијата во Романија пред да ѝ биде врачен отказ од администрацијата во јули лани.
Романската премиерка, Вијорика Вера Јурова, изјави дека именувањето на Ковеси е силен сигнал дека ЕУ е сериозна во намерите за борба против финансискиот криминал и за заштита на парите на даночните обврзници.
Канцеларијата на европскиот јавен обвинител треба да почне со работа кон крајот на 2020 година.