Колешката на Јанева, Лаура Ковеси стана европски обвинител
Објавено во: Свет 19 Септември, 2019
Романската обвинителка, Лаура Ковеси е избрана за главен обвинител на ЕУ.
Таа беше единствената кандидатка за оваа функција. Kовеси претходно го водеше романскиот Директорат за борба против корупција. Лидерот на европските зелени, Ска Келер вели дека изборот на Ковеши за оваа функција е фантастичен.
„Ова е јасен знак за борба против корупцијата во Европа. Честитки!“, напиша таа на својот профил на Твитер.
Ковеси ја напаѓаа од социјалдемократската влада во Романија во последните месеци поради нејзината работа како обвинител во антикорупциската единица. Таа беше разрешена, а владата во Букурешт не ја поддржа нејзината кандидатура.
Повеќе европратеници ја поздравија одлуката на амбасадорите на ЕУ денеска како и искуството и интегритетот на Ковеси.
Сега таа ќе биде задолжена да ги гони злоупотребите на европските фондови во земјите членки.
Во 2016 година Ковеси порачала сега веќе разрешената македонска јавна обвинителка Катица Јанева никогаш да не се откажува.Јанева вчера доби нови 30 дена притвор за случајот „Рекет“.