28 Март, 2024
0.0276

Колев: Ги повикувам Заев, Мицковски и Ахмети да се откажат од пратеничките или премиерските плати и бенефиции

Објавено во: Македонија 07 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Граѓанско Демократската Унија (ГДУ) ги повикува кандидатите на СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ и ДУИ да го следат примерот на нашите кандидати и доброволно да се откажат од износот над 14.500 денари од пратеничките плати и сите останати финансиски поволности што ќе им следуваат на избраните функционери во Собранието во следните 4 години. Македонија се наоѓа пред огромна финансиска бездна како последица на разурнувачките ефекти врз економијата предизвикани од пандемијата на КОВИД 19, но и поради погрешните политики за државно менаџирање токму од овие големи партии во изминатите 30 години.

„Во период од еден мандат тоа се милиони евра што ќе може да ги насочиме кон хуманитарни цели, да се помогнат ранливите категории, спортистите, па и средниот, малиот и семејниот бизнис. Нашиот впечаток е дека токмут.н. “големи” партии, чии дејци остварија најмногу корист од уживањето во власта, треба и да бидат први што ќе ни се приклучат. Во овие партии има кандидати кои имаат успешни бизниси кои може да им обезбедат егзистенција во следните 4 години, и тоа се лица кои нема да зависат од пратеничката плата. Очекував и дека со личен пример веднаш по мене ќе се појават и Заев, Мицковски и Ахмети за да покажат дека растат како политичари, независно од тоа дали ќе се откажат од пратеничка или премиерска плата. Но, за жал, по мојата прес конференција следи молк“, изјави претседателот на Граѓанско Демократската Унија Петар Колев.

ГДУ смета дека за Македонија следат години во кои избраните функционери треба да демонстрираат штедливост и домаќинско однесување.

„Ако граѓаните ни ги плаќаат трошоците за изборните кампањи, не гледам причина зошто и ние да не им возвратиме. На Македонија и се потребни нов тип на политичари, индивидуалци кои се подготвени преку Собранието да помогнат македонската економија навистина да заздравее, а македонскиот Буџет да се врати во некоја понормална кондиција со цел да се намалат и кредитните позајмувања во следните години. Затоа сметаме дека секој оној кандидат што ќе се откаже од можностите за лично богатење преку Собранието заслужува да биде пратеник“, вели Колев.

ГДУ сака да потенцира дека иако парите што би ги заштедиле пратениците се само капка во морето, финансиските параметри покажуваат дека потребно е штедење на секое ниво. Македонија секоја година добива нов и повисок мегаломанскиот Буџет, а само за пример, од почетокот на пандемијата, и јавниот долг на Македонија го зголемија за 1,2 милијарди евра. Од нив ќе вратат стари долгови од 700 милиони евра, но, на крајот сепак ќе завршиме со јавен долг повисок за најмалку половина милијарда евра.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење