КОЛЕЖ ВО РИДИНГ-АНГЛИЈА: Убиени три лица во напад со нож
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2020
Во западниот дел
на Лондон, конкретно во Ридинг денеска е убиени три лица во напад со нож и уште
тројца се тешко повредени.
Британската полиција за сега нападот не го карактеризира како терористички акт, но мотивот е се уште не познат. Веднаш е уапсено 25-годишно момче, но според информации од полицијата се трага по повеќе сторители.
-Нема никакви разузнавачки податоци дека постои понатамошна опасност за јавноста. Во моментов нападот не го карактеризираме како тероризам, а полицијата го испитува мотивот, изјави главниот детектив Јан Хантер.
Инаку, британските медиуми претходно наведуваа дека полицијата го поврзува нападот со тероризам и дека уапсениот млад човек е Либиец.