Колинда не им донесе среќа - Хрватска загуби од Шпанија во финалето
Објавено во: Балкан 26 Јануари, 2020
Во Стокхолм дојде дури и настината за да ги бодри, но на крајот не им донесе среќа.
Колинда Грабар Китаровиќ, претседателка во заминување на Хрватска, е страстна навивачка на хрватската репрезентација во повеќе спортови.
Но, таа, како и многуте фанови, на крајот остана разочарана, откако реперезентацијата на Хрватска загуби во финалето од Шпанија со 22 спрема 20.
Таа, како што јави Индекс.хр, пристигна на финалето.
"Се чувствувам одлично иако, како што реков, јас сум малку настината. Но, морав да дојдам да им дадам поддршка на Лино и на нашите каубои“, рече таа пред натпреварот.
„Сите ние ќе навиваме, некои со срце, а некои со нас овде. Верувам во злато“.
Таа рече дека се обидела да ги следи сите натпревари на репрезентацијата.
„Следев сè што можев, многу“.
Таа потоа даде коментар за Домагој Дувњак, најдобриот ракометар на турнирот.
"Секако, го следам Дувњак веќе подолго време како што знаете. На сите им посакувам среќа, вечерва да се роди некој нов Дувњак“, рече Китаровиќ.
На крајот, таа потврди дека останува навивач на сите репрезентации на Хрватска.
„Секако, останувам фан на хрватската репрезентација и на сите хрватски спортисти“.
Патем, Колинда беше и во полуфиналето на Европското првенство во ватерполо во Будимпешта кога Хрватска во петокот беше поразена од Шпанија. Таму, таа страсно се расположи за хрватските ватерполисти, но и тагуваше по нивниот близок пораз.