29 Март, 2024
0.0265

КОЛКАВ Е ДЕЛОТ НА ВЛАДАТА? Телеком ќе подели 25,9 милиони евра дивиденда

Објавено во: Економија 15 Март, 2018

Добивај вести на Viber

„Македонски телеком“ во септември ќе подели дивиденда во износ од 25,9 милиони евра, колку што изнесува нето добивката за 2017 година, соопшти компанијата на интернет страницата на Берзата.

Бруто износот на дивиденда по акција е 18,37 денари и е за 26 отсто поголема во споредба на дивидендата исплатена за 2016 година, која беше во износ од 17,09 денари по акција. Одлуката за поделба на дивидендата се очекува да се донесе на седницата на Собранието на Акционери закажана за 16 април, а право на дел од добивката ќе имаат сите акционери што ќе бидат евидентирани во книгата на акционери на „Македонски телеком“ на 17 мај 2017 година. Последен ден на тргување со акциите на телеком со право на дивиденда е 15 мај, а исплатата на дивидендата ќе се изврши до 30 септември.

Најголем акционер во компанијата е Дојче Телеком, кој поседува 51 отсто од акциите преку локалната компанија „Каменимост АД“. Македонската влада има удел од 34,81 отсто во капиталот на „Македонски телеком“ и за него ќе добие околу 9 милиони евра дивиденда. Дивиденда ќе добијат и малцинските акционери, кои во најголем дел се вработени и пензионери од телекомуникациската компанија, а кои поседуваат 2,73 отсто од капиталот. Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ поседува 1,45 отсто од акциите, а „Македонски телеком“ поседува и 10 отсто од сопствените акции.

Државата во 2001 година го продаде мнозинскиот дел во  телекомот на стратешкиот инвеститор „Маѓар телеком“ и секоја годинина до 2003 добиваше по 18,5 милиони евра дивиденда. Во 2004 беа исплатени речиси 2,5 пати повеќе, односно 44,8 милиони евра по едногодишно задоцнување, поради истрагата за финансиски малверзации. Дивидендата за 2005 година беше 48 милиони евра. За 2006 година немаше исплата бидејќи акционерите одлучија дивидендата да ја префрлат во акумулирана добивка. За 2006 и 2007 година беше исплатена заедничка дивиденда од 61 милион евра, а за 2008 таа изнесуваше 35 милиони евра. Следната година се исплати дивиденада од 41 милиони евра, а во 2010, 2011 и 2012 година Владата доби по 39 милиони евра.

Во последниве години, поради намалените приходи кои раководството ги објасни со острата конкуренција и ценовната војна, драстично опадна профитот на телекомот, а со тоа и износот на дивидендата. За 2013 година, дививендата беше 44,1 милион евра од кои на Владата и беа инкасирани 15 милиони евра. Компанијата за 2014 година исплати дивиденда во износ од 36,7 милиони евра, а делот за државата беше 12 милиони евра. Следната година подели 24 милиони евра, а на сметката на Владата легнаа 8,35 милиони евра како дивиденда. Во 2016 година, целата добивката од 20 милиони евра отиде како дивиденда, а владиниот дел изнесуваше 7 милиони евра.

(М.Б.)

Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи