Колкав ќе биде износот на К-15 за администрацијата?
Објавено во: Економија 09 Јуни, 2021
Над 9.000 денари ќе изнесува К-15 годинава за вработените во јавната администрација.
Оваа година и тие ќе добијат К-15. Од граѓанскиот синдикат УПОЗ информираат дека тоа е минималната сума која им следува на вработените со граѓанскиот колективен договор, а оние кои имаат и колективен договор на ниво на работодавец, според предвиденото во него, ќе добијат и повеќе.
Стопанството излезе со остри реакции за одлуката на Владата со ребалансот на буџетот да се одвојат пари за К-15 за административците. Сметаат дека тоа е непродуктивно.