29 Март, 2024
0.0273

Колкава годишна плата поделија Христијан Мицкоски и Драган Миновски како директори на АД ЕЛЕМ

Објавено во: Економија 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber


Не се редовно вработени, туку потпишуваат менаџерски договори – сите членови на Управниот одбор на најбогатата државна копанија Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) се едни од најплатените менаџери во земјава. Фактор ги анализира бруто примањата на актуелните и поранешни директори на енергетската компанија од новиот извештај кој е објавен и на ниванта веб страница. Сите знаат дека актуелниот лидер на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски доаѓа од директорското столче во ЕЛЕМ. Тој во 2017 година до август до кога бил ангажиран има бруто примања од речиси 1,5 милиони денари. Заедно со неговиот следбеник - актуелниот генерален менаџер Драган Миновски годината поделиле вкупно 2,05 милиони денари.

На почетокот на август истата година лидерот на најголемата опозициска партија беше разрешен, а во Управниот одбор беа направени политички рокади со промената на власта. Мицкоски тогаш стана генерален секретар на својата партија. Примањата на старото раководство за оваа 2017 година се поголеми од нивните наследници, поради тоа што тие на функцијата дојдоа во август. Ако се спореди соодносот на сумите од 2017-та тој е три спрема еден, па се претпоставува дека Мицкоски својата сума ја добил за девет месеци, а Миновски за три.

Фатмир Лимани како човек на ДУИ и заменик на генералниот директор, но од составот пред промените, има бруто приходи поголеми и од Мицкоски, односно добил 1.525.803 денари. Најголема заработка од сите имал Иван Куковски, тогашниот директор на подружницата РЕК Битола, или неговите бруто примања се 1.549.200 денари.

Гордана Д.Кочоска за сите месеци кои работела земала 1.200.307 денари, Анита Стамнова -  1.103.913 денари, Александар Пауноски со 1.021.568 денари и Симон Зафироски со бруто примања од 423.400 денари. 

Но не се слабо платени ниту тие кои дојдоа во фотелјите. Марјанчо Николов, жестокиот критичар на претходната власт како пратеник од 2014 до изборите во 2016-та  не се најде на пратеничката листа. Како директор за комерцијални работи во УО заработил 408.035 денари. Генералниот директор Драган Миновски, кој дојде на местото на Мицкоски, за месеците кои ги работел во 2017 година или од август на крај на година бил исплатен со  сума - 555.238 денари. Иван Трпески има  бруто примања од 394.560 денари, Добрила Стефаноска 442.640, Ѓорги Михаилов  397.667 денари, а Благојче Трповски 361.955 денари.

Ова претпријатие во 2017 година за нешто помалку од 5.000 вработени исплатило 3,5 милијарди денари за бруто-плати.

Александар Кузмановски


Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи