25 Април, 2024
0.0274

Колкави долгови стасуваат за наплата: Државата ќе позајмува дома на подолг рок

Објавено во: Економија 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Ќе позајмува од домашни банки, но и во следните години државата ќе го сервисира долгот со издавање државни хартии од вредност на домашниот пазар. Сепак задолжувањата ќе се се подолгорочни и повеќето нема да се со девизна клаузула. Намерата е да се зголеми рокот на државните обрзници, но и да се деевроизира долгот. Како што веќе пишувавме државата и Народната банка сакаат да издадат со меѓународна институција должнички инструмент во денари, согласно стратегијата за денаризација. 

Државата сака со државните хартии од вредност да овозможи поефикасно финансирање на буџетските потреби на краток и на долг рок, намалување на трошоците за финансирање, како и поттикнување на натамошниот развој на финансиските пазари Според планот кој е запишан во фискланта стратегија од 2020 до 2022 година планирано е да се издаваат државни обврзници со рок на достасување 30 години, еднаш квартално, најмалку 4 пати годишно да има државни обврзници со рок на достасување од 15 години исто толку и државни обврзници од 10 години, а државни обврзници со рок на достасување од 2, 3 или 5 години да бидат на редовна основа.

Според податоците, во 2020 и 2021 година, Министерството за финансии ќе треба да  отплати околу 835 милиони евра само по основ на три големи претходни задолжувања односно втората рата од PBG заемот кој е склучен во 2013 година во износ од 155 милиони евра, потоа евро-обврзницата од 500 милиони евра издадена во 2014 година и остатокот од еврообврзница од 180 милиони евра што беше издадена во 2015 година, но и други отплати на долгови на домашен и странски пазар.

Впрочем годинава државата треба да врати 705 милиони евра, следната дури 936 милиони евра, а во 2022, 353 милиони евра.

„Особен предизвик за ефикасно управување со ризикот од рефинансирање се очекува во 2020 и 2021 година, кога редовно ќе достасаат еврообврзниците издадени во 2014 и 2015 година (на вкупен износ од 678 милиони евра), како и втората рата по основ на заемот обезбеден со гаранција заснована на политики од Светска банка (PBG – Policy based guarantee) во износ од 155 милиони евра. Со цел намалување на ризикот од рефинансирање во 2020 година, во јануари 2018 година Министерството за финансии изврши предвремен откуп на дел од претходно издадената еврообврзница со каматна стапка од 4,875% која доспева во 2020 година во номинален износ од 91,7 милиони евра, стои во Фискалната стратегија.

Фактор веќе пишуваше дека Народната банка и Министерството за финансии планираат да разговараат со меѓународни финансиски институции кои би можеле да издадат должнички хартии од вредност во домашна валута на македонскиот финансиски пазар. 

„На тој начин, ќе се збогати лепезата на финансиски инструменти достапна до домашните инвеститори, со истовремено зголемување на можностите за распределба на изложеноста на инвеститорите кон различни издавачи на хартии од вредност. Се предвидува средствата коишто ќе се приберат преку емисиите на ваквите хартии од вредност да се насочат како кредитна поддршка на малите и средните претпријатија, што би влијаело позитивно и врз вкупните економски движења во домашната економија, велат од Министерството за финансии.

Инаку се планира да се поттикне и издавање на општински обврзници во денари со кои општините би ги враќале своите долгови. Според информациите во наредниот период, Министерството за финансии, за да го финансира долгот ќе издава хартии од вредност но се повеќе во домашна валута. Се тврди дека е можно тие да бидат врзани со стапката на инфлација во земјата. 

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст