25 Април, 2024
0.0311

Колкави се казните за недозволена брзина во регионот и во Европа: Макпетрол инфо

Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Во земјите од регионот и Европа дозволената брзина за возење во населени места секаде е иста како кај нас - 50 километри на час, со исклучок на Албанија – 40 километри на час.

Возењето за 20 километри на час над дозволеното во земјите од соседството ќе ве чинат од 2 000 до 6 000 леки (од 16 до 50 евра) во Албанија, 35 евра во Косово, 5 000 српски динари или 40 евра во Србија, 100 евра во Грција,  помеѓу 20 и 350 левови или 10 до 175 евра во Бугарија.

Во останатите земји од регионот казните се движат од 50 конвертибилни марки или 25 евра во Босна и Херцеговина, од 50 до 150 евра во Црна Гора, 1 000 куни или 130 евра во Хрватска и 250 евра во Словенија.

Возење со вклучено средно светло е задолжително за сите држави во соседството. Во Бугарија казната за невклучени светла изнесува 25 евра, во Косово – 25 евра, во Црна Гора од 30 до 80 евра,во Босна и Херцеговина казната е од 15 до 30 евра, во Србија казната е 3 000 српски динари или околу 26 евра), во Словенија казната е 40 евра.

Во Италија светлата се задолжителни само надвор од населените места (а за невклучени светла казната изнесува 38 евра), а во Грција, Германија и Шпанија светлата се задолжителни само за мотоцикли и мопеди.

Во Хрватска е задолжително средно светло дење за сите возила од последната недела во октомври до последната недела во март – казната изнесува 300 куни или околу 40 евра.

Во Албанија средно светло е задолжително само при лоша видливост и во тунели.

Поседувањето на рефлектирачки елек е задолжително во сите држави од регионот и Европската Унија. Елекот задолжително мора да се облече кога се излегува од возилото во случај на дефект или незгода. Казните се движат од 25 евра во Србија и Бугарија, 40 евра во Хрватска, од 30 до 80 евра во Црна Гора, 100 евра во Словенија, помеѓу 41 и 137 евра во Италија и меѓу 14 и 2 180 евра во Австрија.

Сет за прва помош е задолжителен во сите земји, а ПП апарат е задолжителен во Грција и Бугарија.          


Можеби ќе ве интересира

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ДИК ГИ КОМПЛЕТИРАШЕ РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ВЧЕРАШНИТЕ ИЗБОРИ: Гордана убедливо најмногу гласови, еве ги точните бројки

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

ИВОР МИЦКОВСКИ: Ако успеат да не коалицираат со ДУИ и да направат нешто..., ВМРО-ДПМНЕ ќе газат со години

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

(ВИДЕО) Ечат македонската химна и народни песни на скопскиот плоштад

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

НАЈНОВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ДИК: На обработени 90,49 отсто гласови - Давкова 326.310, Пендаровски 162.678

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

„СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ СОБРА ПОВЕЌЕ ПОТПИСИ ОД ГЛАСОВИ“: Доктор Беќаровски за изборниот резултат на градоначалникот на Карпош

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

ГРУБИ БАРА ОСТАВКИ - од Изет Меџити, Арбен Таравари, Билал Касами, Африм Гаши

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

„БЕВ, СУМ И ОСТАНУВАМ ЛЕВИЧАР!“ Ванковска им честиташе на победниците, но најави дека новиот претседател допрва ќе се соочи со нејзините предвидувања

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

МИЦКОСКИ: ОВАА ВЛАСТ ПАЃА, ЦРВЕНИОТ КАРТОН СЛЕДУВА НА 8 МАЈ - се слушнав со Таравари и му посакав идна Влада во Македонија

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати

„СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ, ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДОДЕКА НЕ ПОБЕДИМЕ“: Ковачевски рече дека се надевале на подобри резултати