Колкави се приходите на ФК „Вардар“?
Објавено во: Економија 13 Јуни, 2018
ФК „Вардар“ лани ја испиша најуспешната фудбалска сезона во својата 70 годишна историја и токму таа година прокнижи добивка од 800.000 евра.
Приходите на македонската фудбалска гордост изнесуваат над 6 милиони евра во годината во која „Вардар“ го направи најголемиот успех во историјата на македонскиот клубски фудбал.
Податоците покажуваат дека дури 60 отсто од тие пари се пари од УЕФА кои ги доби благодарејќи на пласманот во таа лига.