25 Април, 2024
0.0293

Koлку честитки се испратени за празниците во Македонија?

Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Иако не е масовно како порано, сепак и денес во земјава има граѓани кои практикуваат за Нова година и Божиќ да праќаат честитки.

Оваа година за празниците се испратени 115.058 честитки. Ако споредиме со претходните години, сепак има пораст на бројот на испратени честитики преку Пошта на Северна Македонија. Во 2020 година се испратени 44.503, а во 2019 година 102.695 честитки. Пошта оваа година се потруди да го популаризира праќањето честитки.

„Пошта во рамки на својата мисија „Поблиску до граѓаните“, за прв пат организираше посебен Новогодишен базар, под мотото „Сега е лесно да се купи“. Целта беше да ги доближиме нашите услуги до граѓаните во овој период од годината. Па, така, за само 70 денари, на цела територија на Македонија, во период од 15.12.2021 година до 15.01.2022 година, од нашата електронската продавница www.postashop.mk можевте да нарачате производи и преку услугата „Мој пакет – подари на адреса“, да бидат доставени до посакуваната адреса. Минатата година Пошта ја започна, а оваа година продолжи со акцијата за враќање на убавата традиција на испраќање новогодишни честитки.  Па така, граѓаните имаа можност да испратат од новогодишните еко честитки на Пошта, кои беа бесплатни, а за кои единствено се наплаќаше поштенската марка, со номинална вредност од 25 денари. Но, оваа година, Пошта за првпат воведе и посебно изненадување за дечињата - Писмо напишано лично од Дедо Мраз, испратено преку Северниот Пол, а доставено преку Пошта.  Анализирајќи ги изминатите три години, оваа година се забележува пораст на бројот на  продадени и испратени честитки“, велат од Пошта на Северна Македонија.

Повозрасните граѓани со задоволство се сеќаваат на времињата кога немаше толку развиена електронска комуникација, тие праќале, а воедно и добивале честитки од роднините и  пријателите.

„Честитка немам пратено веќе 30 години. Денес телефонски честитаме. Беше убаво да се добие честитка од роднини, другари за празници. Кога практикував да праќам, купував околу 50 честитки, за да имам за сите кои ми се драги“, вели Часлав Јакимовски, граѓанин.

Дел од граѓаните велат дека и денес купуваат честитки, но за да ги израдуваат најмалите.

„Јас не праќам веќе, а децата праќаат на другарчињата или ги делат лично. Порано беше чест да добиеш честитика дома, беше поинаку, и подобро од сега. Сега имаме Вибер, Ватс ап и така честитаме“, објаснува Асип Ајдини, граѓанин.

Според граѓаните, порано имало многу поголема еуфорија за празниците за разлика од денес.

„Не праќам, затоа што сега на Фејсбук честитаме. Порано праќавме. Јас праќав по 10 или 20 честитки, а и добивав многу, и се случуваше да ме изненади некој, да ми прати честитка некој на кој не се ни надевам“, вели Дубравка Димитриевска, граѓанка.

Во светот, честитките имаат долга традиција и се смета дека првата божиќна честитка датира од 1843-та година.

Сања Атанасовска

naslovna foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

КИСЕЛА ВОДА НАЈМНОГУ ОД СИТЕ ЈА САКА ДАВКОВА, ЦЕНТАР, СЕПАК, СО НАЈМАЛА РАЗЛИКА - еве како гласаа скопските општини

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ЧЕТВОРИЦА ПОВРЕДЕНИ, МЕЃУ КОИ И ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ: тешка сообраќајка на патот Велес - Градско

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ДАЛИ ОПОЗИЦИЈАТА ОСТВАРИ НЕДОСТИЖНА ПРЕДНОСТ ПРЕД ВТОРИОТ КРУГ НА ГЛАСАЊЕ - BBC на српски со анализа за огромната победа на ВМРО-ДПМНЕ

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ЗАМИНА УШТЕ ЕДНА ЛЕГЕНДА - почина познатиот менаџер Велибор Џаровски - Џаро

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

ГРАЃАНИТЕ ГО ОТПИШАА СДСМ, ДА ЗАПНЕМЕ СИТЕ ЗАЕДНО ДА ГИ ОТПИШЕМЕ И ДУИ: Ангелов вели сега или никогаш

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ако ЕУ барем малку нѐ почитува, ќе забрани азил на македонски функционери“: еве што вели доктор Беќаровски

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

„Ај честито влез во БРИКС во комбинација со нова преговарачка рамка со ЕУ“: Колозова распали по изборните резултати, еве што вели

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

МАКСИМ ПОБЕДИ ВО КУМАНОВО, ЈАКИМОВСКИ ГО ЗАГУБИ КАРПОШ, ТАРАВАРИ СО ТЕСНА ПОБЕДА ВО ГОСТИВАР: Попрецизна анализа на изборниот исход

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство

„НАБРГУ ЌЕ ВИДИТЕ ДЕКА СЕ САМО НОВО ПАКУВАЊЕ НА ИСТА МАТРИЦА“: Ванковска вели дека изборот е социјализам или варварство