Колку чини безбедноста на Цукерберг?
Објавено во: Финансии 05 Август, 2018
Фејсбук минатата година потроши 7,33 милиони долари за заштита на својот главен извршен директор, Марк Цукерберг во неговите домови и за време на неговата турнеја низ САД. Минатата недела од социјалниот гигант изјавија дека ќе обезбедат дополнителни 10 милиони долари годишно за негова лична безбедност, објави Блумберг.
Цената за оваа година далеку ја надминува она што другите фирми ќе ја потрошат за своите шефови.
На сите основачи на моќни компании не им е потребна сигурност. Извршител кој го избегнува центарот на вниманието, ги избегнува медиумските интервјуа и анонимно донира во добротворни цели, полесно може да се вклопи во јавноста.
Цукерберг е основач и лидер на една од највредните светски компании, редовно споделува фотографии и видеа за себе си играјќи со своите две ќерки, на средби со светските лидери и додека јаде скара во дворот. Тој „тежи“ 68,6 милијарди долари.