23 Април, 2024
0.0285

Колку чини одржувањето на Арената

Објавено во: Економија 14 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Договори за набавка вредни 26,4 милиони денари или над 400.000 евра треба да склучи годинава АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, сите за потребите на Национална арена Филип II Македонски. Овие пари се наменети најмногу за одржување, за чување и адаптација на стадионот. Треба да се обележува теренот, да се набават уреди за заштита одптици, рефлектори, да се одржат системите за прскање на тревата. Годишниот план за 2018 засега е делумно спроведен и се реализира според предвиденото.

За најголемиот национален фудбалски стадион потребни се трансформатор на јужната трибина кој треба да чини 700.000 денари, боја за одбележување на тревниот терен за 140.000 денари, но и бусен за 1,2 милиони денари. Околу 600.000 денари ќе чини прихрана и заштита на тревната површина, а тресет и песок за површината еден милион денари. Според планот уреди за заштита од птици ќе чинат 900.000 денари, а ангажирање на механизација и машини за одржување на играчката површина 6 милиони денари, а нивното оддржување  600.000 денари.

Сепак требало да се набавии проектна документација за адаптација на подтрибинскиот простор на источна трибина за милион денари, а да се одржи ауди системот 1,2 милиони денари.

Рефлекторски систем чини 2.800.000, видео бимови 3.000.000, систем на билети 600.000, контролни прегледи потребни за добивање на сертификат за безбедност 300.000, одржување на инсталациите за прскање со вода на теренот 2.500.000, одржување на инсталациите за греење на теренот 1.000.000, одржување на водоводни, противпожарни и фекални пумпи 900.000 денари, одржувањето на резервниот генератор на струја за евентуално кога ќе има прекин во поврзувањето со мрежата 1.800.000, одржување на роло врати 300.000, 

Според електронскиот систем за јавни набавки, склучени до сега се само два договори за одржување на системот за евиденција на билети и контрола на безбедноста за добивање сертификат, со еднаква сума на плаќање според годишниот план. Избрани се најдобри понудувачи за одржување на рефлекторите, во тек е огласот за сервисирање на видео бимовите, а во моментов нема закажано некоја аукција.

Заеднички трошоци со другите објекти на претријатието треба да бидат одржување на дизел агрегатски постројки 1.200.000 денари, одржување хигиена 5.000.000 денари, одржување на громобраните 500.000 денари. 

Во делот на јавни набавки на работи предвидени се 30.000.000 денари за адаптација на подтрибинскиот простор на источна трибина, но засега нема најава за такво нешто во системот за јавни набавки.

Последен достапен извештај за билансот е за годината 2016-та и во категоријата на приходи стадионот заедно со паркинзите на претпријатието му донеле 58,2 милиони денари прилив.


Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска